• Импресум
Wednesday, January 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Поплави, одрони и прекин на струја во повеќе окрузи во Албанија

06/01/2026
A A
Поплави, одрони и прекин на струја во повеќе окрузи во Албанија

Обилните и интензивни врнежи од дожд што од вчера доцна попладне ја зафатија целата територија на Албанија предизвикаа поплави во повеќе градови и региони. Најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, како и во окрузите Лежа и Кукс, но проблеми се регистрирани и во други делови од земјата.

Според локалните медиуми, Драч е најпогодениот град, каде што во одделни населби нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри, што ги прави патиштата речиси непроодни. Поради влошената состојба и блокадите, наставата е прекината во поголем дел од училиштата, а родителите и наставниците се повикани да избегнуваат движење додека не се стабилизира ситуацијата.

Поради силниот ветер и високите бранови, воведена е и забрана за испловување на бродови и траекти. Досега, десет семејства се евакуирани од поплавените домови и привремено се сместени во Домот за рехабилитација на Министерството за внатрешни работи.

Неповолна е состојбата и во другите окрузи, каде што се регистрирани одрони од камења и повеќе свлечишта. Дополнителни проблеми се појавија и на автопатот Драч–Тирана, каде неколку возила останале заглавени поради високото ниво на вода на одредени делници.

Министерот за одбрана Пиро Венгу соопшти дека во Драч се ангажирани армиски возила и припадници на армијата од Базата за поддршка на цивилни вонредни ситуации, како и моторни пумпи со голем капацитет за справување со поплавите. Тој упати апел граѓаните да не ги напуштаат домовите без поголема потреба.

Прекин на наставата и евакуации има и во окрузите Лежа и Кукс, каде поради искинати далноводи од силниот ветер, повеќе населени места останаа без електрична енергија.

Дополнителна загриженост предизвикува состојбата на каскадата на реката Дрим, каде трите вештачки акумулации се преполни. Надлежните веќе ги отворија портите на браните и се испуштаат околу 700 кубни метри вода во секунда, што, според медиумите, може дополнително да ја влоши состојбата со поплавите во овој дел од земјата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескалација меѓу САД и Русија?
Вести

Ескалација меѓу САД и Русија?

07/01/2026
Излеан „Курделес“: Екипи на терен, се санираат последиците од обилните врнежи во Битола
Вести

Излеан „Курделес“: Екипи на терен, се санираат последиците од обилните врнежи во Битола

07/01/2026
Излевања на реките Вардар, Лукавичка и Сушичка предизвикаа поплавување на дворови и земјоделско земјиште
Вести

Излевања на реките Вардар, Лукавичка и Сушичка предизвикаа поплавување на дворови и земјоделско земјиште

07/01/2026
Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти
Вести

Полицијата приведе четири лица за поседување наркотици, меѓу нив и 73-годишен маж

07/01/2026
Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун
Вести

Млад живот згасна во ресторан: Убиство ја потресе српската јавност

07/01/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Нафтен шок на берзите по планот на Трамп за венецуелската нафта

07/01/2026
Следна вест
Бадник во семеен круг: Мицкоски ја објави празничната фотографија

Бадник во семеен круг: Мицкоски ја објави празничната фотографија

Најнови вести

Ескалација меѓу САД и Русија?

Ескалација меѓу САД и Русија?

07/01/2026
Излеан „Курделес“: Екипи на терен, се санираат последиците од обилните врнежи во Битола

Излеан „Курделес“: Екипи на терен, се санираат последиците од обилните врнежи во Битола

07/01/2026
Излевања на реките Вардар, Лукавичка и Сушичка предизвикаа поплавување на дворови и земјоделско земјиште

Излевања на реките Вардар, Лукавичка и Сушичка предизвикаа поплавување на дворови и земјоделско земјиште

07/01/2026
Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти

Полицијата приведе четири лица за поседување наркотици, меѓу нив и 73-годишен маж

07/01/2026
Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун

Млад живот згасна во ресторан: Убиство ја потресе српската јавност

07/01/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Нафтен шок на берзите по планот на Трамп за венецуелската нафта

07/01/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.