Намалената видливост во скопската котлина денеска предизвика пореметувања во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, при што дел од летовите се реализираат со задоцнување, а еден е целосно откажан. Според информациите од аеродромот, временските услови имаат влијание и врз слетувањата и врз полетувањата.
Кај пристигнувањата, најголемо доцнење има летот на Pegasus Airlines од Истанбул (Сабиха Гокчен), кој наместо во 09:55 часот, се очекува да слета во 11:25. Со околу 30 минути задоцнување се најавува и летот на Wizz Air од Дортмунд. Откажан е летот на AJet од Истанбул, кој требаше да пристигне околу пладне. Летовите од Нирнберг, Фридрихсхафен и Виена засега се реализираат според планираниот распоред.
Доцнења се евидентирани и кај заминувањата од Скопје. Летот на Wizz Air за Париз (Бове), кој беше закажан за 12:25 часот, е одложен и ќе полета во 13:00. Значително пролонгирање има и летот на Turkish Airlines за Истанбул, кој наместо во 13:00, ќе полета во 14:20 часот.
Од аеродромот апелираат патниците редовно да ги следат најновите информации преку официјалниот веб-сајт, со напомена дека не се очекуваат посериозни нарушувања во текот на денот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












