• ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Monday, March 20, 2023
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Правото и светата должност да се чествува Гоце Делчев им припаѓа само на Македонците – јавно обраќање од група на интелектуалци

02/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Правото и светата должност да се чествува Гоце Делчев им припаѓа само на Македонците – јавно обраќање од група на интелектуалци

Отворено писмо до јавноста во Македонија денеска упатија повеќе македонски интелектуалци и универзитетски професори во пресрет на најавеното задутрешното заедничко македонско-бугарско чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во обраќањето потписниците посочуваат дека се „умориле“ од постојани писанија и укажувања дека владеачката политичка структура води анационална политика додворувајќи се на Бугарија и прифаќајќи работи кои ниту една држава во светот не би прифатила – сопственото разнебитување.

Писмото го пренесуваме во целост:

Во повеќе наврати преку медиумите го искажавме нашиот став околу Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, кои се асиметрични и на штета на македонскиот национален идентитет. И покрај укажувањата, политичките гарнитури водат своја агенда, која полека, но сигурно води кон рекомпонирање на македонскиот идентитет и на сите негови чинители – јазикот, културата и колективната меморија.

Се уморивме од постојаните реакции и укажувања дека владејачката политичка структура води анационална политика, додворувајќи ѝ се на Бугарија и прифаќајќи работи кои ниту една држава во светот не би ги прифатила, а кои водат само кон сопственото разнебитување. Во тој контекст, деновиве добивме информација од бугарската страна за одлуката за „заедничко чествување на Гоце Делчев“. Од македонска страна – сѐ уште молк. Кон ова треба да се додаде и барањето за постигнување согласност и прифаќање на некаква „заедничка бугарско-македонска историја“, кое излегува надвор од научните рамки на историската методологија.

Барањето за „заедничка историја“ е во спротивност со правото на самоопределување на секој народ кој има сопствена колективна меморија, која никој не може да ја избрише. Историјата и нацијата не се создаваат со декрет. Македонскиот народ има своја долга колективна меморија, свој јазик, традиција и култура, кои произлегуваат од неговото многувековно постоење. Личностите и настаните што оставиле печат во меморијата на Македонците, поколенијата ги чествуваат со особена гордост, пренесувајќи им го тоа и на идните генерации. Во овие рамки е и чествувањето на Гоце Делчев, апостолот на македонското револуционерно движење, кој се жртвува за слободата на Македонија и кој им припаѓа на Македонија и на македонскиот народ.
За да чествувате нешто заедно, треба да ве спојува заедничка историја и заедничка идеја. А бидејќи македонската и бугарската историја и идеја се две различни истории и две различни идеи, не може да стане збор за заедничка историја.

Токму затоа, правото и светата должност да се чествува Гоце Делчев како Македонец кој се борел за автономна македонска држава во рамките на Османлиската Империја, како чекор кон создавањето независна држава на македонскиот народ, им припаѓа само на Македонците. Тоа треба секој да го почитува и да го прифати. Делегација од која било земја, па и од Бугарија, во рамките на официјалниот македонски протокол, може да дојде и да положи венец или цвеќе на гробот на Гоце Делчев, изразувајќи почит кон еден од најголемите национални јунаци, чие место е исклучително во колективната меморија на Македонците и чие име се пренесува од генерација на генерација. За такво нешто не може да стане збор во врска со бугарската колективна меморија.

Се поставува прашањето што, во суштина, би чествувале заедно!?

Бугарското чествување би било во духот на досегашните изјави како од политичките така и од научните кругови дека Гоце Делчев е Бугарин и дека се борел за реализирање на Санстефанска Бугарија, т. е. Македонија како дел од бугарската држава. Се поставува прашањето: ШТО Е ТУКА ЗАЕДНИЧКО? НИШТО! Сето тоа е дури и навредливо, бидејќи на тој начин од „домаќините“ – од нас Македонците – се бара во сопствената земја да слушнеме како Бугарија не го признава нашиот идентитет, јазикот, културата и нашата колективна меморија. Уште повеќе – тоа значи дека го прифаќаме фактот дека седумдесет години сме живеле во заблудата дека сме однародени Бугари, кои се продукт на комунистичкиот систем на поранешната Титова СФРЈ и создадени и измислени со декрет. Поголема историска и политичка перверзија од оваа не постои во светот!

Дали „заедничното чествување“ е аминувано од страна на македонскиот дел од Комисијата за историски прашања и образование и е резултат на работата на двете комисии за да ѝ се угоди на политиката?!

За жал, политиката повторно ја презема диригентската палка за историските прашања во свои раце (а, нели, таа не се меша во работата на комисиите!) и донесува политичко-историски одлуки, кои немаат никаква научна оправданост. Наместо историјата да им се остави на историчарите (и за неа да се расправа таму каде што е место: на научни собири, конференции, дебати), македонските политичари, на кои, секако, им се брза, а притоа се и сервилни кон бугарските барања, не почитувајќи ја историската методологија, диктираат што и како ќе се чествува. И тоа сѐ поради уцените од Бугарија! Без никакво објаснување и без одговор, како од сервилните политичари така и од членовите на македонскиот дел од Комисијата. Тие молчат, како и обично, додека се реализира бугарското сценарио – целосна распродажба на сето она што е обележје на македонската национална, културна и јазична посебност.

Уште еднаш, по којзнае кој пат, повторуваме: оставете им ја историјата на историчарите! Како политичари, правите само поголема штета како резултат на вашето незнаење. Не понижувајте ја сопствената историја и не потценувајте ги македонските историчари! Генерации македонски, и не само македонски, научници наназад оставиле трајни сведоштва за македонската опстојба низ вековите. Сето тоа е преточено во томови монографии, зборници на документи, во илјадници статии објавени во домашни и во странски списанија. Тие донесуваат значајни факти за историскиот развој на Македонците како народ со свој идентитет, јазик, култура и колективна меморија. Тоа никој и никогаш не може да го избрише! Сето друго е политиканство за реализирање на одредени цели. Тоа книжно богатство ќе остане како вечен паметник на милиенумското постоење на Македонците во различни историски периоди.

И не нѐ засега ако некој не може да се соочи со тоа!

НИЕ СМЕ ТУКА, ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО МАКЕДОНЦИ СО СВОЈ ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, КУЛТУРА И КОЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА! МИЛЕНИУМСКОТО ПОСТОЕЊЕ ПРОДОЛЖУВА… Сето она што би го направиле некакви комисии нема да има никакво влијание врз развојот на македонската научна мисла, а македонизмот, како и многупати во историјата, ќе ги надживее сите негирања и негатори, стои во јавното обраќање.

Под јавното писмо се потпишани: Атанасовски Александар, Ачкоска Виолета, Аџиевски Коста, Божиновска Валентина, Велев Илија, Донев Јованче, Жежов Никола, Јосифовска Катица, Јосимовска Верица, Јурукова Нада, Котлар Наташa, Каракамишева Татјана, Марковски Благоја, Миноски Михајло, Миновски Константин, Најдовски-Перин Ицо, Николова Соња, Панов Митко, Ангеловска – Панова Маја, Русјаков Александар, Апасиев Димитар, Светозаревиќ Бранислав, Чепреганов Тодор, Чакарјаневски Ѓорѓи, Филипоски Тони, Теон Џинго, Нетков Мишко, Јордановски Кирил, Валентина Миронска, Марјан Ивановски, Елка Јачева Улчар, Игор Улчар, Велика Стојкова Серафимовска, Дарко Русевски, Катерина Тодороска, Билјана Ванковска, Наде Проева, Ристо Никовски, Богдан Богдановски, Снежана Филипова, Емилија Ватерс, Рајна Бадева, Тамара Јованов Апасиева, Новица Велјаноски, Славчо Ковиловски, Оливер Ромевски, Наташа Спирова, Митрополит Агатангел, Клетников Ефтим, Митревски Драги, Ачковски Ристо, Цветан Гавровски, Константин Димитров, Лилјана Димитрова, Стојановски Тихомир, Дуртаноски Георги Гоце, Дукоска Ана, Клетникова Фима, Филипчева Благојка, Василевска Иванка, Милошевска Ели, Шуплевски Александар,  Кенков Ванчо, Павловски Горан, Софрониевски Валериј, Илиевска Наташа, Дамјановски Александар, Гушевска Лилјана, Димитрова Елизабета, Јованов Марјан, Јакимовски Антонио, Ана Никодиновска Крстевска, Попов Марјан, Цветановски Дејан, Стојановски Зоран, Малковски Ѓорѓи, Петковска Благица, Цветановски Гоце, Алексоски Стеван, Серафимовска Мимоза, Михајловски Ангеле, Цацков Кирил, Ристеска Фана, Јакимовски Горанчо, Петрески Дејан, Петрески Христијан, Марија Мицајкова Панова, Милена Ристова Михајловска, Цацков Оливер, Ацеска Наталија, Ацески Роберто, Јуруков Диме, Филиповска Слободанка, Наумоска Марина, Панов Александар, Николоски Кире, Николоска Лидија, Серафимов Ѓорѓи, Петрески Боге, Адмир Мусаи, Алексоска Катерина, Милевски Перо, Илиева Нада,  Бојчевски Крсте, Мавчев Гоце, Дренковски Илија, Чакароска Билјана, Чакароски Владо, Јован Јованов и Јованова Верка.

Инаку, професорката Ванковска пред малку напиша на Фејсбук дека листата на потписници не е конечна и дека уште луѓе се потпишуваат под јавното обраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти
Вести

Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти

20/03/2023
Џенифер Лопез доаѓа во Белград – за два часа ќе заработи 200.000 евра
Забава

Џенифер Лопез доаѓа во Белград – за два часа ќе заработи 200.000 евра

20/03/2023
Македонците најнесреќна популација во регионот
Вести

Македонците најнесреќна популација во регионот

20/03/2023
Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг
Вести

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг

20/03/2023
Пожар во една од галиите во Вардар
Вести

Пожар во една од галиите во Вардар

19/03/2023
(Видео) Слушнете ја новата химна на многу скопски генерации
Забава

(Видео) Слушнете ја новата химна на многу скопски генерации

19/03/2023
Следна вест
Димитров: Ме носеа на митинзи како рок-ѕвезда, а сега фрлаат со дрва и камења по мене

Димитров: Ме носеа на митинзи како рок-ѕвезда, а сега фрлаат со дрва и камења по мене

Најнови вести

Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти

Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти

20/03/2023
Џенифер Лопез доаѓа во Белград – за два часа ќе заработи 200.000 евра

Џенифер Лопез доаѓа во Белград – за два часа ќе заработи 200.000 евра

20/03/2023
УБС ја презема Кредит Свис

УБС ја презема Кредит Свис

20/03/2023
Македонците најнесреќна популација во регионот

Македонците најнесреќна популација во регионот

20/03/2023
Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг

20/03/2023
Дневен хороскоп за понеделник, 20-ти март 2023-та

Дневен хороскоп за понеделник, 20-ти март 2023-та

20/03/2023
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.