• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сакаш да си дипломат – дојди ќе те направиме и во САД ќе те пратиме

17/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Сакаш да си дипломат – дојди ќе те направиме и во САД ќе те пратиме

Како се станува македонски дипломат? По лични или родителски желби или по исполнување на законски предвидени услови кои бараат висока професионалност? Дипломатот треба да ја преставува Македонија во странство и да работи во интерес на македонските граѓани или живеењето во странство на државна сметка е награда за определена личност?

Ваква дилема се наметнува откако вчера јавноста слушна информации за нови кадровски решенија за македонски конзули во странство. Иако владините претставници вчера официјално не потврдија, но ниту демантираа, неофицијално, за нов македонски конзул во Њујорк е предложена Бесмира Ејупи, а за конзул во Чикаго Петри Муслиу. Дали тие ги исполнуваат условите? Односно, дали тоа што главна референца за Бесмира Ејупи е тоа што порано била телевизиска презентерка во неколку телевизии, што магистрирала казнено право е доволно за да се стане конзул? Или, дали тоа што Петри Муслиу, син на аналитичарот (според многумина – провладин) Алберт Муслиу и чиј шура е пратеник од СДСМ, е од пред неколку недели испратен во македонски конзулат во Чикаго е исполнување на условите?

А Законот за надворешни работи е јасен: по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. 

Владините претставници и оние од МНР би требало да и објаснат на јавноста на кој начин Ејупи и Муслиу ги исполнуваат тие услови. Се разбира, ако по реакциите во јавноста сега не уследат деманти дека такво нешто немало на „затворената владина седница“.

За жал, и овој пат проблеми и недорешености во македонската дипломатија има кога се сака да се испрати дипломат во САД. Некако сите сакаат натаму да му ја летнат.  Неодамна тоа се случи со Љубомир Фрчкоски кога за овој поранешен претседателски кандидат на СДСМ излегоа информациите дека е номиниран за македонски амбасадор во Вашингтон. Потоа, тој не доби агреман од САД што е сериозен показател дека кандидатот е несоодветен за дипломат. Но, името на Фрчкоски сега е предложено за шеф на македонската мисија во седиштето на Обединети нации, кое е на тероторијата на САД. Значи, кандидат за амбасадор кој беше неприфатлив за САД сега им го праќаме како амбасадор во ООН!?

До кога во Македонија кој посака ќе стане дипломат? МНР да не има и посебен кабинет каде секој си ги испраќа желбите и очекувањата?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген
Вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка
Спорт

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп
Вести

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот
Вести

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија
Вести

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
Следна вест
Мајка со бебе падна во Вардар, количката останала во водата – како што објави Алсат ги спасиле неколку момчиња (ФОТО)

Мајка со бебе падна во Вардар, количката останала во водата – како што објави Алсат ги спасиле неколку момчиња (ФОТО)

Најнови вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.