Црн петок е петокот по Денот на благодарноста во САД и традиционално го означува почетокот на божиќната шопинг-сезона. Денес е познат како најпрометен ден за купување, но потеклото на името е поинакво отколку што многумина мислат.
Најраната употреба на терминот датира од 1869 година, кога падот на цените на златото ја потресол американската економија. Современиот израз за „Црн петок“ потекнува од 1950-тите и 60-тите години во Филаделфија, кога локалната полиција го користела за да ги опише хаотичните толпи на денот по Денот на благодарноста. Толпите и гужвите создавале проблеми во сообраќајот и работењето, а многу продавачи земале боледување за да избегнат хаос.
Подоцна, трговците се обиделе да го сменат името во „Велики петок“, но не успеале. Со текот на времето, значењето се трансформирало во позитивно – ден за шопинг и семејна забава. Денес, Црниот петок ја користи глобалната препознатливост за масовна продажба и промоции.
Сепак, потеклото на Црн петок потсетува и на неговата „темна страна“ – хаос, насилство и неконтролирани толпи кои низ годините довеле и до повреди и смртни случаи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







