Денеска се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места во југоисточниот дел од земјата ќе бидат поинтензивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 6 до 13 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од околу 7 степени наутро до 12 степени во текот на денот.
Според прогнозата за утрешниот ден, времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи меѓу 9 и 16 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












