• Импресум
Saturday, April 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Со правење поделби ли Пендаровски и Ковачевски ќе градат заедништво?

22/12/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Со правење поделби ли Пендаровски и Ковачевски ќе градат заедништво?

Колумна на Никола Тасев:

На Македонија крајно неопходно и е обединување на нејзините граѓани. Многу важни теми и многу загрижувачки ситуации, особено последнава декада, го бараат тоа. Без заедништво многу е потешка иднината на земјата.

Ова го гледа ли власта, која обично носи розеви наочари. Ама прави ли нешто конкретно, за да дојде до толку потребното заедништво?

Ако ги прашаме нив – ќе кажат дека прават многу. Еве пред некој ден претседателот Пендаровски повторно повика на заедништво и обединување. „На Македонија не и треба продлабочување на поделбите во општеството“ – беше една од неговите пораки во предновогодишниот говор во Собранието.

И ова не е прва ваква изјава, оти со години ги слушаме овие пораки од највисоките државни функционери – на македонското општество му е потребно помирување и обединување. Убави пораки, ама искрени ли се? Се работи ли на тоа пораките да бидат спроведени во дело? Се слуша ли мислењето на големите групи од населението, кои мислат различно од власта. Се уважува ли ставот на опозицијата?

Оти најчесто, наутро власта ќе повика на заедништво, а попладне ќе прави работи кои го поткопуваат обединувањето. Па впрочем, најголемите поделбите во општеството се околу потезите и одлуките што ги направи токму сегашната власт.

Да се потсетиме на настаните околу потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција, со кој на Македонија и се наметна да го смени уставното име и да се откаже од делот на историјата. А имаше и референдум на кој мнозинството од народот јасно покажа дека е против тоа. Друг пример е Договорот за добрососедство со Бугарија со кој се прифати дека имаме „заедничка историја“, па прифаќањето на Преговарачката рамка со ЕУ и условот за внесување на Бугарите во Уставот, изјавите со кои се менуваат историски факти… А сите анкети покажуваа дека мнозинството од граѓаните се против тоа!

Ама ајде да се задржам само на последниот потег на власта од минатото лето – отворањето на преговорите со ЕУ. Таа како да не виде дека повеќе од 70 отсто од граѓаните се против вака прифатената преговарачка рамка.

Со тие ли граѓани ќе се обединуваат Пендаровски, Ковачевски и министрите? Или пак со оние околу 200 интелектуалци што му напишаа писмо на Претседателот да не се прифаќаат уцените од Брисел и Софија?

А, ако го слушаа гласот на мнозинството од народ, ако ги разбереа повиците на интелектуалците, ако соработуваа со опозицијата – немаше да ја прифатат бугарската уцена за преговарачката рамка. Многу едноставно, можеа да се повлечат чекор-два поназад и да издејстуваат подобар договор, на рамноправна основа. А што е најважно ќе го обединеа народот во Македонија. Ете тоа ќе беше вистинско заедништво!

Ама тие, направија уште поголема поделба на Македонците. И сега, заради нивната неспособност, коленичењето и грешките, според нивната логика, за да се оправдаат пред Брисел и пред себе, тргнаа со пропагандата – секој што е против бугарските уцени, автоматски е против ЕУ.

Значи пак прават поделби.

Е така ли со правење поделби се прави заедништвото: Тие се неспособни, а сите ние што мислиме дека не треба да се избрзува со уставните измени и што си ја сакаме Македонија – сме етикетирани како анти ЕУ.

Да се поправат имаат време – барем во кампањата да не прават раздори. Оти не е заедништво кога власта нешто ќе науми, сите ние останати во државата обединето да ги следиме и да им ракоплескаме, иако не се согласуваме со нив. А ако кренеме глас – веднаш сме непријатели на Македонија и на, особено нагласуваниот во последниот период, противници на евопскиот пат на државата.

Ама несје, за неколку месеци се изборите, па ако досега власта не разбрала што е заедништво, тогаш на гласачките кутии ќе види што значи кога мнозинството од народот ќе се обедини. А потоа за посериозен приод во доаѓање на заедништвото ќе треба да мислат оние кои ќе дојдат на власт. Тоа треба да е еден од приоритетите!

Текстот е превземен од skopskoeho.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
Oва бил омилениот виц на Тито

Oва бил омилениот виц на Тито

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.