• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Со стотици маскирани од земјава и странство, „Прочка“ по 25-ти пат во Прилеп

22/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Со стотици маскирани од земјава и странство, „Прочка“ по 25-ти пат во Прилеп

Со учество на неколку стотини маскирани од земјава и странство, во Прилеп денеска по 25-ти пат се одржа карневалот „Прочка“, еден од најпрепознатливите настани посветени на празникот на простувањето.

Централното дефиле низ градот традиционално го предводеа прилепските мечкари – заштитен симбол на карневалот и препознаена нематеријална културна вредност. Со обредниот ритуал на бркање на злите духови, тие ја потврдија вековната традиција, нагласувајќи дека таа ќе продолжи да се негува и преку помладите генерации.

„Навистина е голема традицијата и цврсто се одржува. Радосен сум што карневалот го вративме на меѓународната сцена. Ни пристигнаа учесници од повеќе градови од Македонија, но и од Србија и Бугарија“, изјави Ванчо Ѓеорѓиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, организатор на карневалот.

На манифестацијата присуствуваше и претседателот на европската асоцијација на карневалските градови, Ларс Алгел, кој по десетина години повторно го посети Прилеп.

„Навистина сум среќен што направивте убав старт на карневалот и имам посебни чувства што сум тука и уживам во карневалот на маските“, порача Алгел.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека се враќа сјајот на карневалот и на прославата на Прочка во Прилеп, празник што ја симболизира моќта на простувањето.

„Маските се одраз на сето она што се случувало во текот на годината – да се избрише лошото, да се остави простор за доброто. И да се простува. Прилепскиот карневал го враќа сјајот на меѓународната сцена и ќе се потрудиме уште повеќе да го збогатуваме“, рече Проданоски.

Жири-комисија ќе ги прогласи најдобрите маски од централното дефиле, како и од детскиот карневал.

Организаторите ги поканија учесниците утре, на Чист понеделник, на традиционален посен ручек – посен грав во манастирот Свети Ѓорѓија кај Прилеп, со што симболично ќе започнат Велигденските пости.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени
Вести

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити
Вести

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка
Вести

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
Следна вест
Притвор за осомничен во случај со телефонски измами во Битола

Притвор за осомничен во случај со телефонски измами во Битола

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.