• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Стопиран планот за градење 99 згради во Расадник, се бара референдум за паркингот кај „Холидеј ин“

31/12/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Стопиран планот за градење 99 згради во Расадник, се бара референдум за паркингот кај „Холидеј ин“

Скопје е пренатрупан со бетон. Да се направат похумани детални урбанистички планови кои ќе бидат прифатливи за потребните на граѓаните, а не бетонизација со стотина згради предвидена со досегашните планови е намерата на иницијативите во општините Кисела Вода и Центар. 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вчера соопшти дека по барања на граѓаните го стопирал планот за изградба на 99 згради во Расадник. Тие се предвидени со ДУП-от кој беше во процедура кај претходното општинско раководство но не беше изгласан од Советот поради реакциите на граѓаните. Тој најави дека Општината ќе објави меѓународен конкурс на кој архитекти ќе може да достават предлог идејни решенија.

– Стопиран е и планот за Расадник. Во истиот Комисијата констатира дека има 99 нови згради, па согласно барањата на граѓаните, заклучно со февруари, ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник, рече Ѓорѓиевски.

Оваа општина направила ревизија на 34 плана меѓу кои и планот за Црниче каде во зелениот појас биле предвидени изградба на станбени куќи, планот за Припор каде биле предвидени станбени згради, а ќе се разгледува и планот за населбата Пржино.

Од друга страна, партијата „Левица“ вчера повторно побара одржување на граѓански референдум во општина Центар против градежните дејствија на парцелите спроти „Холидеј Ин“. Тие поднесоа две точки на дневниот ред на седница на општинскиот Совет. Левица бара распишување на дополнителен референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат суспензија на ДУП-от во кој што се наоѓаат предвидените висококатници. Со втората точка бараат истрага од службите на општина Центар за законитоста на отуѓувањето на градежното земјиште.

-Очекуваме без никаков проблем Советот да ги усвои овие точки и според нив да донесе одлуки со кои ќе распише референдум за спорните логации, согласно тоа службите на општината ќе преземат активности од нивна надлежност за отворање на истрага и активности во правец на поднесување на поднесување на претставки за до надлежните институции за отворање на истрага, најавија од Левица.

На оваа локација отпочнатата зграда ја гради МГ Фешн заедно со МПЦ која е сопственик на земјиштето, а следна на распоред е станбена зграда од 22 ката, по нејзе ќе следи деловен трговски центар од 16 ката.

Ќе се воведе ли малку ред во пренагласеното бетонизирање на Скопје?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила
Вести

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција
Вести

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје
Вести

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
Следна вест
Уште еден ценовен шок за Скопјани

Уште еден ценовен шок за Скопјани

Најнови вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.