Студеното време, според бројни истражувања, може да го зголеми ризикот од срцеви и циркулаторни проблеми, особено кај лица со веќе постоечки срцеви заболувања. Кога телото е изложено на студ, крвните садови се стеснуваат за да се зачува телесната топлина, што доведува до зголемен крвен притисок и поголем напор за срцето.
Оваа реакција е природна, но кај луѓето со срцеви проблеми може да предизвика влошување на симптомите, особено при физичка активност на отворено. Во зима, крвта може да стане погуста и посклона кон создавање згрутчувања, со што се зголемува ризикот од срцев или мозочен удар.
Според British Heart Foundation, лицата со ангина или други срцеви заболувања треба да бидат особено внимателни во студени денови, да се облекуваат топло и да избегнуваат напор на ладен воздух. Доколку студот предизвикува непријатност или замор, се препорачува физичката активност да се изведува во затворен простор.
Експертите советуваат одржување здрави навики – балансирана исхрана, редовно но умерено движење, избегнување пушење и алкохол, како и внимателна употреба на кофеин. Дополнително, консултацијата со кардиолог е важна за лицата со зголемен ризик, наведуваат и од Soncept Medical.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












