Четириесет и едногодишна жена загина, а три други лица меѓу кои и дете на шест години се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на локален пат за селото Русјаци во Македонски Брод.
Сообраќајката се случила кога автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, со кој управувала 41-годишната К.С.С. од Кичево, излетал од патот и се превртел. Жената починала на самото место.
„Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На местото е извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата жена е дадено на обдукција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












