• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Работниците на протест: Минималец од 600 евра или радикални мерки

21/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Првомајски протест на ССМ под мотото „Работниците се државата“

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе организира протест в среда, со цел да го искаже незадоволството поради тоа што минималната плата не е зголемена на 600 евра, како и поради барањето за зголемување на сите останати плати за 100 евра.

Протестот ќе започне во 17 часот пред зградата на Сојуз на синдикатите на Македонија, по што учесниците ќе се упатат кон Собрание на Северна Македонија и Стопанска комора на Северна Македонија, а маршот ќе заврши пред Влада на Северна Македонија.

Од ССМ упатија јавен повик до сите работници на кои не им е зголемена платата да се приклучат на протестот, истакнувајќи дека состојбата со животниот стандард е алармантна.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека синдикатот е решен да се избори за достоинствени плати и подобар работнички стандард, нагласувајќи дека прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а околу 33 проценти од вкупно 540 илјади вработени живеат под овој праг.

Трендафилов потсети дека и во анкетите спроведени од ССМ, работниците јасно се изјасниле дека се подготвени да излезат на протест доколку не дојде до зголемување на платите.

Тој најави дека протестот е само прв чекор и дека доколку нема слух од институциите, ќе следуваат дополнителни протести, таргетирани блокади, како и 24-часовен генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор. Како можна следна мерка, ССМ најави и собирање 10.000 потписи со цел да се поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 78 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра.

Според Трендафилов, во изминатата година немало значително зголемување на платите, додека од јануари синдикалната кошничка е поскапена за речиси илјада денари. Тој предупреди дека ваквите политики придонесуваат за иселување на квалификуван кадар со цели семејства, додека работните места сè почесто ги пополнуваат странски работници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот
Вести

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Следна вест
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Физички напад на сопственик на локал во Тетово

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.