Планираната средба меѓу претставници на Соединетите Американски Држави и Иран, која требаше да се одржи во петок во швајцарското одморалиште Бургеншток, е откажана, потврди швајцарското Министерство за надворешни работи.
Со тоа се отвораат нови прашања околу иднината на дипломатските контакти меѓу Вашингтон и Техеран, како и околу натамошната примена на неодамна постигнатиот привремен договор меѓу двете земји.
Според информациите од швајцарските власти, до откажувањето дошло откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја откажал својата планирана посета на Швајцарија. Во меѓувреме, и од иранска страна во изминатите денови биле изразени резерви и неизвесност околу учеството на претставниците на Техеран на најавената средба.
Развојот на настаните внесува дополнителна неизвесност во дипломатскиот процес меѓу двете држави и ја остава отворена дилемата за следните чекори во обидите за нормализирање на односите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












