Поради дефекти на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од жителите на Скопје, како и селото Моране во општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Без водоснабдување од 8:00 часот ќе биде селото Моране, а прекинот ќе трае сè до целосно отстранување на дефектот.
Поради дефект на водоводна цевка со пречник од два цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, од 9:00 часот без вода ќе останат корисниците на оваа улица во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата.
Исто така, од 8:00 часот, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ бр. 32, без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните за разбирање и информираат дека екипите работат на што побрзо санирање на дефектите и нормализирање на водоснабдувањето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












