73 пратеници гласаа за усвојување на новиот Законот за Судски совет.
Клучните новини кои ги предвидува законот, според Министерството, се: Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник”, јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност, како и зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите.
„Со новиот закон, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството”, посочуваат од Министерството за правда.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












