Османи, Таравари, и Максим Димитриевски за сега се уште се тројцата претседателски кандидати кои ги собраа потписите за своите кандидатури иако се поблиску според последните бројки до нив е и кандидатот на Левица професорката Биљана Ванковска Цветковска на која и фалат уште околу 2 илјади гласови . Повеќе од половината потребни потписи веќе ги има собрано и кандидатот и лидер на ГРОМ Стефчо Јакимовски .
Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз и кандидатот Вело Марковски се доближуваат до кај 1000 собрани потписи а останатите Ѓорѓи Манасков , Зорица Цветковска од ДЕСНА , Господин Попоски и Томе Николоски според последните бројки немаат собано ниту 500 потписи и имаат се уште доста работа до 8 март кога е и крајниот рок согласно пропишаните рокови на ДИК
Според последните податоци до сега вкупно потписи за претседателските кандидати оставиле нешто помалку од 50 илјади граѓани .
И покрај тоа што кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Дафкова не ја почнале процедурата за собирање граѓански потписи и ја имаат поддршката од своите партии и пратеници во законодавниот дом најавија дека и тие ќе собираат потписи од граѓаните и ќе ги достават до ДИК .