• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Не потклекнаа на притисоците од 650.000 луѓе кои се во државен притвор, тие мислеа државнички…

29/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Не потклекнаа на притисоците од 650.000 луѓе кои се во државен притвор, тие мислеа државнички…

Пратениците на СДСМ и ДУИ вчера повторно решија да постапат државнички. Не дозволија да се руши меѓународниот углед на Македонија и не го прифатија предлогот на опозицијата да се продолжи рокот на важење на пасошите во кои го нема омилениот збор на власта – „северна“.

Одважните народни избраници не слушаа што 650.000 припадници баш на тој народ вриштат – не дозволувајте да останеме во државен притвор. За парламентарното мнозинство поважно беше дали некој странец тивко ќе им рече – мора да сте кооперативни и послушни.

И така, Македонија и денеска е со голем меѓународен углед, а за по дома си остана големото понижување и кршење на правата на една третина од народот. Состојба на ограничено движење и своевиден притвор и денеска е реалност за околу 650.000 македонски граѓани. 

И сега што понатаму? Имаат ли решение одважните пратеници?

Зарем само од страна, мирно, со дипломатски пасош во џебот ќе набљудуваат како една третина од населението чекаат со месеци на термини за промена на патната исправа и нема да може да патуваат по работа, ради здравствени проблеми, на одмор…, или ќе најдат спас за крајно лошата ситуација? 

Дали ќе дадат некое решение е неизвесно. Засега е извесно само дека пратениците на СДСМ и ДУИ повеќе мислеа како да се испочитува меѓународен договор. Не им е важно што нивни кадри не направија услови за да се сменат личните документи на време. Не, не решија да ги поправат грешките на поранешниот министер Оливер Спасовски. Тие само гледаа во меѓународната светла иднина на Македонија.

Голема благодарност за тоа.

ПС. Инаку, вчера и самата ЕУ не беше категорична и соопшти дека секоја земја-членка сама решава за тоа дали ќе ги признава „спорните“ македонски пасоши или не. И тие видоа какви народни избраници има Македонија, па решија барем нешто да помогнат.

ГОЛЕМО ФАЛА за пратениците на СДСМ и ДУИ што го спасија меѓународниот углед на Македонија
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштете ги чешмите да течат за побрзо да се прочисти системот, побара Тошковски од гостиварци
Вести

Пуштете ги чешмите да течат за побрзо да се прочисти системот, побара Тошковски од гостиварци

04/08/2026
Марковски се врати во Битола по завршувањето на обврските во Србија
Вести

Марковски се врати во Битола по завршувањето на обврските во Србија

01/08/2026
Претседателката на Словенија пуштена на домашно лекување по сообраќајната несреќа
Вести

Претседателката на Словенија пуштена на домашно лекување по сообраќајната несреќа

01/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Струмичанец осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга

01/08/2026
Почна санацијата на коритото на реката Серава во Општина Бутел
Вести

Почна санацијата на коритото на реката Серава во Општина Бутел

31/07/2026
Улиците како тркачка патека: „Сејф сити“ евидентира рекордни прекршоци
Вести

Нови камери за сообраќаен надзор во Дебрца, следува и Охрид

30/07/2026
Следна вест
Училиштата, градинките, малите дуќани во Скопје ќе плаќаат за 35 % поевтино парно

Училиштата, градинките, малите дуќани во Скопје ќе плаќаат за 35 % поевтино парно

Најнови вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Возач со „фиат“ прегази жена во Ѓорче Петров и избега

06/08/2026
Општина Битола: Асфалтирана улицата „Козара“, продолжува реконструкцијата кај Здравствениот дом

Општина Битола: Асфалтирана улицата „Козара“, продолжува реконструкцијата кај Здравствениот дом

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.