Делови од општините Сопиште и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности на електродистрибутивната мрежа, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Варвара во општина Сопиште.
Планиран прекин ќе има и во населбата Бардовци во општина Карпош, каде дел од корисниците на улицата „4“ ќе останат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот.
Од ЕВН појаснуваат дека прекините се дел од редовните активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












