Едно 24-годишно момче заработило над 91.000 евра, копајќи низ контејнери и препродавајќи ги „богатствата“ што таму ги пронашло.
Јонас Фернандез го убедил својот татко да му помогне да пребарува низ ѓубрето во неговото соседство затоа што решил да го напушти училиштето.
Инспирација за оваа негова невообичаена професија бил јутјуберот „нуркач за отпадоци“. Сега тоа е негова работа со полно работно време.
Јонас истакнал дека барал брз начин да заработи пари кога го напуштил училиштето и сега успеал да заработи над 91.000 евра продавајќи ги своите „отркитија“ пронајдени во контејнерите преку Интернет.
Јонас, од Чикаго, рече дека често ги давал предметите што ги нашол на пријателите и семејството, па дури и им ги давал на оние на кои им е потребна во локалната заедница. Тој изјавил дека не потекнува од богато семејство, па знае како е кога немаш многу, па поради тоа сака да и враќа на заедницата колку што може.
Еден од неговите најголеми пронајдоци била кутија полно со неотворени грицки, поради која собрал повеќе од 7 милиони прегледи на TikTok. Јонас пронашол винтиџ чанта која се продавала за повеќе од 1.000 фунти, играчки, електроника, златни монети, накит и олимписки медал.
Јонас сега ги предупреди сите кои сакаат да копаат низ контејнери, прво да се уверат дека се свесни за околината, да земат батериска ламба и да донесат некого со себе заради безбедност, пренесува Блиц.