• Импресум
Friday, May 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите во пресрет на најавениот протест во вторник

18/02/2024
A A
Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите во пресрет на најавениот протест во вторник

Земјоделците од цела Грција и во текот на викендот продолжуваат со блокадите и активностите во пресрет на протестот во Атина што го закажаа за вторник попладне, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно земјоделците го зголемуваат притисокот кон властите за да им дозволи на собирот да стигнат со трактори, откако вчера добија негативен одговор од министерот за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис.

Во текот на денешниот ден закажани се низа симболични блокади, меѓу кои и затворање на автопатот од Солун кон Халкидики, автопатот Егнатија, затворање на граничниот премин кон Албанија.

На граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија веќе извесно време се паркирани трактори кои се подготвени, доколку биде одлучено, да постават блокада, но веројатно само за сообраќај на камиони.

Засега нема најави за затворање на конкретните гранични премини.

Земјоделците кои во вторник нема да патуваат во Атина, најавуваат затворање на патиштата, автопатите, граничните премини, пристаништата па дури и аеродромите и порачуваат дека нема да се откажат и ќе продолжат со активностите.

Грчките земјоделци во вторникот се сретнаа со премиерот Кирјакос Мицотакис кој им соопшти дополнителни мерки за поддршка, меѓутоа по средбата коментираа дека не биле исполнети сите нивни барања и објаснија дека ќе ги информираат нивните колеги по што одлучија да одржат протест во Атина.

Земјоделци речиси еден месец протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со премините Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна
Вести

Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна

28/05/2026
Вести

28/05/2026
Компромис во Брисел: Одобрен заем од 90 милијарди евра за Украина
Вести

Брисел исплаќа нова транша за Украина во рамки на европскиот инструмент

28/05/2026
МВР со мерки за безбедност за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, измени во сообраќајот во Скопје
Вести

Марк Руте со остра порака до Љубљана за воените издвојувања

28/05/2026
Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка
Вести

Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка

28/05/2026
Ескалација на конфликтот: Техеран предупредува на силна одмазда
Вести

Воените напади меѓу САД и Иран ја разнишаа светската безбедност

28/05/2026
Следна вест
Најскапите мобилни телефони на светот: Но еден ги премина сите граници

Најскапите мобилни телефони на светот: Но еден ги премина сите граници

Најнови вести

Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна

Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна

28/05/2026

28/05/2026
Компромис во Брисел: Одобрен заем од 90 милијарди евра за Украина

Брисел исплаќа нова транша за Украина во рамки на европскиот инструмент

28/05/2026
МВР со мерки за безбедност за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, измени во сообраќајот во Скопје

Марк Руте со остра порака до Љубљана за воените издвојувања

28/05/2026
Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка

Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка

28/05/2026
Ескалација на конфликтот: Техеран предупредува на силна одмазда

Воените напади меѓу САД и Иран ја разнишаа светската безбедност

28/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.