Ме чуди една работа. Зошто сите тие адути не ги употребуваат, туку прават црна кампања. Удри по Христијан, удри по Гордана, удри по овој, удри по оној. Замисли сега. 1300 километри патишта. Па додадоа уште 200, а не знам кај ги најдоа. Наместо да тераат кампања, еве нека земат еден автобус, 10 дена нека се возат и нека ги покажуваат. Не мора да одат на Катланово – Петровец, седум километри една лента не можат да направат, не мора да одат ниту во Кичево – Охрид, не мора да одат ниту кај Бехтел и Енка, таму изградија три бини. Тоа е главниот адут. Со тоа ќе ја утепаа опозицијата, вели низ смеа комуникологот Никола Тасев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.
Во емисијата Тасев потенцираше дека опозициата нема потреба ништо да работи бидејќи власта е таа која сама по себе работи за опозицијата.
– На опозицијата не и треба многу работа, не и треба многу промовирање. Гледам дека во овој период ВМРО-ДПМНЕ работата си ја сфатиле многу сериозно. Се гледа дека се детектирани точките кои треба да се доработат. Македонија на новата Влада нема да и дава луксуз, веднаш ќе мора да се работи.