• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Вкупно 14 пожари на отворено во текот на денот, службите на терен

16/06/2026
A A
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

На територијата на Македонија денеска до 18 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет пожари сѐ уште се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.

Според информациите од ЦУК, активни пожари има во општините Илинден, Босилово, Чашка, Кавадарци и Штип. Во селото Мршевци во општина Илинден гори сува трева, во Секирник кај Босилово е зафатена депонија, додека кај селото Војница во општина Чашка пожарот зафатил нискостеблеста деградирана шума и сува трева. Активни пожари се бележат и кај селото Шивец во општина Кавадарци, како и кај селото Долани во штипскиот регион.

Под контрола се ставени два пожари – кај градската депонија во Демир Хисар и во селото Железница во општина Кратово, каде што исто така горела депонија.

Во меѓувреме, целосно се изгаснати седум пожари на различни локации низ државата. Меѓу нив се пожарите кај Католичките гробишта во Битола, кај селото Мало Коњари и во близина на средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп, како и неколку пожари на подрачјето на Гостивар и Теарце.

Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и преземаат активности за локализирање и целосно гаснење на преостанатите активни пожари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози
Вести

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

16/06/2026
На Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
Вести

Најавени мерки за побрз проток на границите и помалку чекање

16/06/2026
Отстранет кабаст отпад од училишниот двор во Скопје

Се реконструира улица во Кисела Вода со средства од унгарскиот кредит

Карпош поставува нови чешмички за пиење вода на повеќе локации

Русите во септември избираат нов состав на парламентот

Следна вест
Русите во септември избираат нов состав на парламентот

Русите во септември избираат нов состав на парламентот

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.