Водостојот на Преспанско Езеро е зголемен за три сантиметри во однос на вчера, додека нивото на Охридско Езеро и Дојранско Езеро останува непроменето, покажуваат најновите мерења на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И покрај благото зголемување, водостојот на Преспанското Езеро и натаму е за 2,26 метри под просекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри над повеќегодишниот просек, но сè уште е 96 сантиметри под договорениот минимален праг. Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри над просечните вредности за овој период од годината.
Во исто време, продолжува трендот на намалување на водостојот на речиси сите реки во земјава. Исклучок се Вардар кај Велес и Демир Капија и Црн Дрим кај Ложани, каде е забележано зголемување. Нивото е непроменето кај Крива Река во Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












