Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од јавното претпријатие „Македонијапат“. Сите патни правци се проодни и нема поголеми пречки во одвивањето на сообраќајот.
Од претпријатието предупредуваат дека на делниците кои минуваат низ клисури и усеци можно е појава на поситни одрони, поради што се препорачува внимателно управување со возилата.
Апелираат возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот.
Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и се грижат за одржување на проодноста на сите патни правци низ државата.












