• Импресум
Wednesday, December 10, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Вучиќ: Делумното проширување ќе создаде нови поделби

10/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
КУРТИ САКА ДА ГО ПОБЕДИ АХМЕТИ И ДА ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА Александар Вучиќ пушти „бомба“ од Њујорк

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија може да ги реши отворените геополитички прашања во регионот само доколку ги прифати сите држави заедно, без селективен пристап. Тој ова го порача на панел-дискусијата „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“, одржана во рамки на форумот „BELTALKS“.

„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе се справиме со тоа и како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека станува збор не само за иднината на регионот, туку и за иднината на Европа.

Тој најави дека утре во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на кои отворено ќе ја изнесе својата идеја за заедничко проширување на ЕУ. Според него, таквиот пристап би донел стабилност и позитивно чувство кај сите народи во регионот.

Осврнувајќи се на кризата со Нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ изнесе три можни сценарија, нагласувајќи дека 15 јануари е крајниот рок за решение. Првата можност, која ја оцени како малку веројатна, е укинување или суспензија на американските санкции. Втората опција е продажба на мнозинскиот пакет акции на НИС од страна на руските сопственици, додека третата, како последна мерка, е интервенција на државата.

Претседателот истакна дека Србија не смее да го загрози својот финансиски систем или инвестициски рејтинг и додаде дека, според проекциите за економски раст во следните пет години, земјата ќе биде меѓу водечките во Европа. Во своето излагање Вучиќ оцени и дека во наредната година и пол светот се соочува со ризик од голем вооружен конфликт, додавајќи дека и покрај бројните навреди од регионот во изминатиот период, не одговорил на нив.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта делеше милиони евра за субвенции, но земјоделието не пркна
Вести

Економската иднина на Македонија била во технолошки паркови, но сепак да не се заборави земјоделието

10/12/2025
Денеска сончево, со натпросечни температури
Вести

УХМР најавува стабилно и топло време со постепено намалување на облачноста

10/12/2025
Градоначалниците не треба да чекаат исушените дрвца да оживеат, туку со нови садници да ги заменат
Вести

Градоначалниците не треба да чекаат исушените дрвца да оживеат, туку со нови садници да ги заменат

10/12/2025
Ватикан: Европските земји мора да бидат дел од безбедносните гаранции
Вести

Ватикан: Европските земји мора да бидат дел од безбедносните гаранции

10/12/2025
Половина Скопје утре без струја
Вести

Дел од Бутел денес ќе остане без струја

10/12/2025
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Повеќе населени места во Скопје денес без вода поради дефект на водоводот

10/12/2025
Следна вест
Ватикан: Европските земји мора да бидат дел од безбедносните гаранции

Ватикан: Европските земји мора да бидат дел од безбедносните гаранции

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.