Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ изјави дека на сите во лице им кажал што нема Србија да исполни од Охридскиот договор. По повод одлуката на Приштина за укинување на динарот на Косово, Вучиќ рече дека луѓето во јужната српска покраина мора да добијат плати и повтори дека Србија не може да исполни дел од договорот во однос на прифаќањето на Косово во меѓународните институции.
– Чекаме покана некој да оди во Брисел, но не знаеме за што да разговараме, бидејќи Курти нема да зборува за Заедницата на српските општини, тој го чува динарот и нема суспензија, има прикриена поддршка на одредени фактори на моќ, а нешто мора да се реши во деновите пред нас, бидејќи Србите на Косово треба да си ги земаат платите, нагласи претседателот на Србија.
Тој рече дека „мораме да ги заштити огништа и земјата во согласност со Уставот на Република Србија“.
Тој напомена дека денеска со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за Србија, агендата за раст, Косово и Бањска.