• Импресум
Thursday, May 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пратениците не треба да брзаат со притискање на копчето за гасната централа на „Митилинеос“

22/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Пратениците не треба да брзаат со притискање на копчето за гасната централа на „Митилинеос“

Пратениците според најавеното денеска треба да расправаат и околу предлог законот за изградбата на новата когенеративна централа во Железара од страна на грчката фирма „Митилинеос“. Треба ли да се брза околу ова?

Прво енергетските експерти, а потоа и сами министри во Владата почнаа да се сомневаат во оправданоста на вакви проекти, посебно на оној со грчката компанија.

Здружението на инженерите предупреди дека реалната пазарна цена на гасната електрана на „Митилинеос“ чини околу 180-190 милиони евра, а не чини 290 колку што е наведено во законскиот предлог. Со тоа државната помош не треба да изнесува 50 туку само нешто над 30 милиони евра. Експертите опоменуваа и дека најважно е тоа што за таква централа воопшто не смее да се дава државна помош оти ќе постои обврска Македонија од неа да купува поскапа електрична енергија од берзанските цени, што грчката фирма ќе има загарантирани за 10 пати повисоки маржи и со што годишно ќе печали и повеќе од 40 милиони евра за струја, и повеќе од 4 милиони евра за купување на топлинската енергија, што Македонија годишно ќе мора да плаќа по 25 милиони евра за емисија на ЦО2…

Овие податоци можеби и беа причина што министерот за економија Крешник Бектеши неодамна соопшти дека за една од трите стратешки инвестиции во областа на енергетиката ќе треба повторно да се преговара. Односно, дека е спорно тоа што се дава државна помош за вакви проекти во кои се гарантира откуп на електрична енергија од страна на самата држава, а каков пример не постоел во регионот…

Значи, има доста оправдани сомнежи кои поставуваат дилема во однос на аргументите со кои останати владини претставници ја убедуваат јавноста – дека значитлено ќе поевтини парното греење во Скопје, дека државата ќе печали по 7 милиони евра по основ на закупот на земјиштето, дека по основ на давачките државата за 30 години ќе приходува помеѓу 120 и 150 милиони евра…

Вакви дилеми, сигурно, треба да се расчистат и добро е тоа што сите вакви прашања сега се поставуваат. Но, да се расчистат пред да влезат во собраниска процедура, оти таму… Експертите побараа и да присуствуваат на парламентарната седница. Не е извесно дали тоа ќе им се овозможи.

Но извесно е дека анализите и повторните разгледувања треба да следат и во наредниот период. Нема потреба од никакво брзање и носење на парламентарна одлука.

Пратениците не треба да брзаат со притискање на копчето за гасната централа на „Митилинеос“
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Британија се роди првото бебе од тројца родители
Вести

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
Вести

Вашингтон: Нема никаков договор или аранжман со Техеран

27/05/2026
Кои се најплатените професии во Македонија?
Вести

Месечни исплати од 3.000 денари како нова социјална мерка

27/05/2026
Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи
Вести

Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

27/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи
Вести

ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче за изјавите на Радев

27/05/2026
УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28 април
Вести

УЈП со апел до граѓаните за проверка на даночните пријави

27/05/2026
Следна вест
(ВИДЕО) Никола Тасев со разумен предлог до СДСМ и ДУИ: Лесно може да се реши проблемот со пасошите – еве како

(ВИДЕО) Никола Тасев со разумен предлог до СДСМ и ДУИ: Лесно може да се реши проблемот со пасошите – еве како

Најнови вести

Во Британија се роди првото бебе од тројца родители

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
Барди ќе ги пропушти мечевите со Хрватска и Чешка

Капитенот Барди нема да игра против Босна и Турција

27/05/2026
Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите

Вашингтон: Нема никаков договор или аранжман со Техеран

27/05/2026
Кои се најплатените професии во Македонија?

Месечни исплати од 3.000 денари како нова социјална мерка

27/05/2026
Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

27/05/2026
Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

27/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.