• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

За оние кои често се под стрес: Помогнете си со оваа храна, не со лекови

15/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
За оние кои често се под стрес: Помогнете си со оваа храна, не со лекови

Ако често сте под стрес, наместо да посегнувате кон храни кои ќе му наштетат на вашето здравје и вашата линија, искористете ја храната во своја полза и направете го попаметниот избор.

Еве кои продукти ќе ви помогнат да го намалите нивото на стрес:

Млекo Освен витамини Б12 и Б2, млекото содржи и многу антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали што се асоцираат со стресот.

Млекото и млечните продукти релаксираат и даваат енергија. Тие се богати со протеини и калциум и го подобруваат здравјето на коските и мускулите. Калциумот може да делува како лек за анксиозност и помага за враќање на смиреноста, а исто така ја намалува и напнатоста во мускулите.

Боровинки Во никој случај не ги избегнувајте боровинките ако сакате да водите здрав живот. Тие се богати со витамин Ц, кој што му помага на телото да се справи со стресот.

Боровинките содржат и многу растителни влакна кои го регулираат нивото на крвен притисок и ги ублажуваат грчевите и запекот што се појавуваат како резултат на стрес.

Бадеми Вкусните бадеми се одличен сојузник во борбата против стресот. Тие содржат витамин Б2, витамин Е, магнезиум и цинк. Магнезиумот и витаминот Б2 го поттикнуваат создавањето на серотонин (хормонот на среќата), кој што го регулира расположението и го намалува стресот.

Познато е дека цинкот ги ублажува негативните ефекти на стресот, додека витаминот Е е супер антиоксиданс кој ги уништува слободните радикали поврзани со стресот и срцевите болести.

Авокадо Авокадото е еден од најдобрите начини да го намалите крвниот притисок, затоа што содржи многу калиум. Всушност, половина авокадо содржи повеќе калиум, отколку една банана.

Во авокадото има и витамин Е и монозаситени масти, кои што одлично ќе се вклопат во вашите обиди да го намалите стресот.

Портокал Стресот го намалува нивото на витамин Ц во телото, витамин кој што не се создава во организмот и кој што треба да го внесете преку исхраната. Витаминот Ц го подобрува имунитетот и го прави телото поотпорно во периоди на стрес. Исто така, побрзо го враќа во нормала нивото на хормонот на стресот – кортизол.

Риба

Лососот и другите мрсни риби, како харинга и скуша, се богати со омега-3 масни киселини, кои помагаат да се одржува нивото на кортизол и адреналин.

Омега-3 масните киселини се познати и по тоа што заштитуваат од срцеви заболувања.

Спанаќ Спанаќот е одличен извор на магнезиум, а токму овој минерал го намалува нивото на стрес и го одржува телото во релаксирана состојба.

Овес Консумирањето на јаглехидрати го помага создавањето на серотонин и кога јаглехидратите се апсорбираат бавно, нивото на серотонин е стабилно.

Овесот е богат со растителни влакна, кои го забавуваат испуштањето на јаглехидратите. Токму тоа води до подолготрајно производство на серотонин.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени
Вести

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити
Вести

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка
Вести

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
Следна вест
Ова сигурно ви се има случено многупати- за вашиот омилен скршен кармин да биде како нов потребна ви е само една работа

Ова сигурно ви се има случено многупати- за вашиот омилен скршен кармин да биде како нов потребна ви е само една работа

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.