• Импресум
Friday, May 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?

08/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Зарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?

Изборната кампања ја дига температурата во Македонија. Се разжестија партиите, но  не само со „врели“ понуди за иднината на земјата тику и со меѓусебни обвинувања, најави за тужби за клевета, најави дека ќе има одговорност…

По само два дена откако тргна кампања од изборниот штаб на Стево Пендаровски најавија тужба за клевета откако најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека и тој стои зад шемата за фалсификување на документи и лажни вести за изборни цели. Партискиот портпарол Наум Стопилковски директно го обвини Пендаровски дека ја одобрил таквата шема разработена од тимот на чие чело е консултат од Израел.

– Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат. Ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања, потенцира Стоилковски.

На ова од Штабот на Пендаровски возвратија дека се работи за лажни наводи со цел дефокус од скандалот за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ за фингирање анкети заради манипулација на јавното мислење.

-Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години, пишува во демантот во кој се наведува дека Јавното обвинителство треба да ги испита сите наводи изнесени во медиумите.

На ова, пак, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа инволвираните да се подготват за одговорност, што би требало да значи дека ќе има судски процеси.

– Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат. Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали. Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил Агенцијата за разузнување со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС, се вели во партиската реакција.

Од друга страна неколку дена претходно и ВМРО-ДПМНЕ најави тужба за клевета околу документите кои ги објави СДСМ за анкетите.

-Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста, се вели во соопштението од партијата.

Очигледно, битката за гласови ќе се префрли во некоја од судниците. Зарем не е подобро да се вратат на суштината на изборната кампања – давање на нови проекти и нови визии за развојот на државата, како и отчет што до сега сработиле? Тоа сакаат да го слушнат и видат граѓаните.

А, и нели цело време ни кажуваат: на Македонија и треба демократија и обединување?

Зарем изборната кампања ќе ја преселат во судовите?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Чудна изборна кампања: Само уште смената на Уставот остана за решавање?

Чудна изборна кампања: Само уште смената на Уставот остана за решавање?

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.