Во понеделник во Лондон ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претседателот на Украина, Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, со цел да разговараат за ситуацијата во Украина.
Францускиот претседател Макрон денеска на платформата X истакна дека лидерите ќе ја разгледаат тековната ситуација и преговорите за мир во рамките на американското посредништво. „Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да склучи мир“, напиша Макрон, додавајќи дека ги осудува нападите на Русија врз енергетската и железничката инфраструктура на Украина извршени синоќа.
Зеленски на социјалните мрежи порача дека целта на овие руски напади е да „страдаат милиони Украинци“ и дека тие бараат одговор и дополнителен притисок врз Москва, објави парискиот весник „Ле Монд“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







