Умерен земјотрес утрово во 9:51 часот е регистриран на подрачјето на Петриња, соопшти Сеизмолошката служба. Епицентарот бил на околу 8 километри од градот, а јачината на земјотресот изнесувала 3,7 степени според Рихтеровата скала. Интензитетот во епицентарот е проценет на V степени според Европската макросеизмичка скала.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 9 километри и со епицентар на околу 10 километри од Сисак. Јачината, според тие податоци, изнесувала 4,1 степени според Рихтер, а епицентарот се наоѓал на околу 56 километри од Загреб.
Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени.
На платформата EMSC, граѓани пријавиле дека потресот бил силен и долготраен. „Силен удар и се тресеше долго време“, напишал еден корисник, додека друг навел дека „се заниша навистина долго“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












