• Импресум
Thursday, May 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зошто СДСМ и ДУИ не поддржуваат продолжување на важноста на пасошите без „Северна“?

19/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Зошто СДСМ и ДУИ не поддржуваат продолжување на важноста на пасошите без „Северна“?

Маките на една третина од македонските граѓани кои го немаат во пасошите омилениот збор на власта – „Северна“ не запираат. Оние што се во земјава не смеат да излегуваат преку граница, оние што се во странство, пак, не смеат да влезат оти не знаат на кој начин би можеле да се вратат на своите работни места во други земји.

Листите за закажување на термини за промена на пасош се пак долги и сосема е неизвесно кога оние околу 650.000 граѓани што живеат тука ќе можат да дојдат на ред. А и обрасци за пасоши нема иако тоа морало претходното раководство на МВР да го предвиди и да почара повеќе пасоши од производителот.

Дали се прави доволно за да се надмине овој огромен проблем?

Со вакво темпо и организирање на промената на пасошите се чини хаосот ќе трае уште година – две. Да, се прават „напори“ тој период да се намали со поажурно работење на станиците на МВР, но…

Потребно е решение кое ќе им овозможи патување сега со старите пасоши кои се уште имаат важност. Но, тоа надлежните постојано одбегнуваат да го направат. Новиот министер во МВР Панче Тошковски викендов изјави дека решението е многу едноставно.

-Решението на ова патешествие е едно и е многу лесно. 61 пратеник да се договорат во Собранието да дигнат два прста, односно да стиснат едно копче, со коешто копче ќе го изменат Законот за патни исправи, како што го изменија Законот за безбедност во сообраќај и сите овие маки да ги решат во наредни десет месеци, кажа Тошковски.

Ова не е првпат да се бара изгласување на продолжување на рокот на важењето на старите пасоши. Но, тоа категорично не се прифаќа од СДСМ и ДУИ. Техничкиот премиер Талат Џафери неодамна изјави дека барањата да се продолжи рокот на важењето на старите пасоши по примерот на возачките дозволи се несериозни.

– Несериозен, популистички и исклучиво во партиски интерес е наводниот повик да се поддржи законско решение со коешто би се продолжила важноста на патните исправи, по примерот на решението со возачките дозволи, рече Џафери додавајќи “непочитувањето на меѓународните договори би нанело штета на меѓународниот углед на државата“.

Сепак, од Џафери јавноста не доби аргументирано објаснување зошто ваквото решение е несериозно и неизводливо. Од друга страна, од граничните премини стасуваат информација дека има држави кои не прават проблеми и го дозволуваат влезот на нашите државјани со стари патни исправи. Значи, некој поголем проблем околу употребата на старите пасоши не се случува.

Излегува дека е нужно парламентарното мнозинство брзо да се преиспита и да види што може да се направи околу ова сериозно кршење на човековите права за една третина од македонското население. Власта мора да се организира и да си ги поправи грешките. Има ли подготвени лица за тоа во Владата?

Зошто СДСМ и ДУИ не поддржуваат продолжување на важноста на пасошите без „Северна“?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка
Вести

Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка

28/05/2026
Ескалација на конфликтот: Техеран предупредува на силна одмазда
Вести

Воените напади меѓу САД и Иран ја разнишаа светската безбедност

28/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите
Вести

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Шампионски пехар и златни медали за ракометарките на Ѓорче Петров
Вести

Шампионски пехар и златни медали за ракометарките на Ѓорче Петров

28/05/2026
На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување
Вести

Расте бројот на хоспитализации во земјава, опаѓаат породувањата

28/05/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
Следна вест
Османи се пишмани за пасошите?

Османи се пишмани за пасошите?

Најнови вести

Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка

Русија и талибанците потпишаа договор за воена соработка

28/05/2026
Ескалација на конфликтот: Техеран предупредува на силна одмазда

Воените напади меѓу САД и Иран ја разнишаа светската безбедност

28/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Шампионски пехар и златни медали за ракометарките на Ѓорче Петров

Шампионски пехар и златни медали за ракометарките на Ѓорче Петров

28/05/2026
На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување

Расте бројот на хоспитализации во земјава, опаѓаат породувањата

28/05/2026
Што се случува со Фејсбук?

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.