• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

20 години од смртта на Анте Поповски: Вечерва ќе одржи омаж во негова чест

26/10/2023
Време за читање: 1 минути
A A
20 години од смртта на Анте Поповски: Вечерва ќе одржи омаж во негова чест

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе се одржи омаж по повод 20-годишнината од смртта на поетот и академик Анте Поповски, во организација на Здружението „Антево перо“. Настанот е мултимедијален и е составен дел од годинашното, шесто издание на Меѓународната поетско-културна манифестација што се одржува во чест на Анте Поповски.

Омажот ќе биде отворен со сегмент од документарниот портрет на Анте Поповски и снимка на негови стихови, интерпретирани од актерот Славко Нинов. За творештвото на Анте Поповски ќе зборува писателот Венко Андоновски.

-Присутните ќе имаат можност да слушнат дел од првото пеење Каин и Авел од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова Врчаковска, на која потоа ќе и биде врачено признанието познато како награда „Антева златна книга“. Наградата се состои од книга поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Почесното признание, кое Здружението „Антево перо“ го доделува на истакнати личности, на Врчаковска ѝ припадна за нејзината повеќедецениска континуирана афирмација на творештвото на Анте Поповски, пред сѐ на програмите на Македонската радио-телевизија, но и на повеќе настани организирани во негова чест по разни поводи, соопшти организаторот на настанот.

Во чест на поетот, ќе биде промовирана веб-страница која содржи податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на Меѓународната манифестација „Анте Поповски –Антево перо“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Вести

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула
Вести

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето
Вести

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0
Вести

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
Следна вест
Најголемиот хит на Џеј Рамадановски е дело на Марина Туцаковиќ, а вака изгледа нејзиниот лик во филмот „Недела“ (ФОТО)

Најголемиот хит на Џеј Рамадановски е дело на Марина Туцаковиќ, а вака изгледа нејзиниот лик во филмот „Недела“ (ФОТО)

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.