По речиси 150 години изградба, базиликата Саграда Фамилија во Барселона конечно ја достигна својата планирана висина.
Ова беше постигнато со поставување на 17-метарски бел крст на врвот на централната кула „Исус Христос“, со што објектот ја достигна предвидената височина од 172,5 метри. Целосното завршување на изградбата се очекува во следната деценија.
Главниот архитект Жорди Фаули изрази задоволство од успешно реализираниот зафат.
„Денес беше денот што го чекавме. Сè помина многу добро“, изјави Фаули за време на настанот.
Според оригиналниот план на каталонскиот архитект Антони Гауди, крстот има четири краци, што овозможува да биде видлив од сите страни на градот. Внатрешноста на кулата сè уште се доработува, додека надворешноста е под скелиња кои треба да бидат отстранети пред свеченото отворање во јуни, кога ќе се одбележи 100-годишнината од смртта на Гауди.
Кулата „Исус Христос“ е една од вкупно 18-те кули што ги замислил Гауди. Тој работел на проектот од 1883 година до неговата смрт во 1926 година.
На свеченоста следното лето се очекува да присуствува и Папа Лав, кој е поканет да претседава со комеморативната миса и церемонијата на отворање.
Саграда Фамилија е еден од најпрепознатливите симболи на Барселона и привлекува милиони туристи годишно, а приходите од билетите се користат за финансирање на продолжувањето на изградбата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












