ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната прес-конференција на Христијан Ефтимов од СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија и нејзините претставници покажуваат „тотална дезориентираност“ во случајот поврзан со Ново Село.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ефтимов, како претставник на СДСМ од Ново Село, со својата денешна изјава, според нив, потврдил дел од тврдењата што претходно ги изнела владејачката партија.
„Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете, или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик“, стои во реакцијата.
Од партијата тврдат дека станува збор за лица кои биле правосилно осудени на условна казна затвор за насилство, како и за кривично дело поврзано со поседување дрога и наркотични средства.
ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата дополнително се осврнува и на политичките и роднинските врски што, според нив, постојат меѓу лицата од Ново Село и поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.
„Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ досега не се произнесоа по оваа реакција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












