• Импресум
Friday, May 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

34 години независна Македонија

08/09/2025
A A
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година

На 8 Септември, Македонија го одбележува Денот на независноста. Овој државен празник ја симболизира борбата, стремежот и конечното остварување на сувереноста и самостојноста на македонскиот народ.

Историски контекст и настани што му претходеа на референдумот

Во екот на распадот на поранешната СФР Југославија, на 8 септември 1991 година, македонските граѓани се изјаснија за независност преку референдум. Тоа беше период на голема политичка неизвесност и воена нестабилност во регионот.

Уште претходната година, Словенија го отвори патот кон самостојност, а по нејзиното прогласување независност на 24 јуни 1991 година, следуваа оружени конфликти со ЈНА кои траеја околу месец дена. Сличен чекор презеде и Хрватска, што резултираше со ескалација на насилство, особено во Сплит, каде за жал загина и македонскиот војник Сашо Гешковски.

Овие настани го забрзаа процесот на дезинтеграција на Југославија, а ситуацијата се заостри и во Босна и Херцеговина, каде беа формирани т.н. српски автономни области. Како одговор, Европската заедница на 27 август 1991 ја донесе Декларацијата за Југославија и иницираше мировна конференција во Хаг, со надеж дека ќе се спречи целосна граѓанска војна.

Во таков контекст, на 25 јануари 1991 година, првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои Декларацијата за независност, со што започна процесот што кулминираше со референдумот во септември истата година.

Референдумот што се одржа на 8 септември 1991 година беше историски момент за македонската државност. Повеќе од 95% од граѓаните кои излегоа на гласање позитивно одговорија на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

Според официјалните податоци, од вкупно 1.495.626 регистрирани гласачи, излегле 1.132.981, а дури 1.079.308 се изјасниле „за“. Спроведувањето на референдумот помина без приговори или жалби за неправилности, што дополнително ја зацврсти неговата легитимност.

По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде Македонското радио организираше свеченост под мотото „Глас за Македонија“. Настапија бројни музички ѕвезди, а пред насобраните граѓани се читаа првичните резултати од гласањето.

Во таа историска ноќ, се обрати и Киро Глигоров, кој подоцна ќе стане првиот претседател на Република Македонија, изјавувајќи: Граѓани и граѓанки на Македонија, дозволете вечерва да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.

Слични прослави се одржаа низ целата држава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски службеници успешно извлекоа шест лица од излетано возило надвор од автопат
Вести

Полициски службеници успешно извлекоа шест лица од излетано возило надвор од автопат

30/04/2026
Дневен хороскоп за понеделник, 1-ви јули 2024-та
Вести

3 хороскопски знаци на кои животот им станува многу полесен од 30 април

30/04/2026
Разговорите меѓу Србија и Косово завршија неуспешно
Вести

Вонредните парламентарни избори на Косово закажани за 7 јуни

30/04/2026
ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!
Вести

ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

30/04/2026
Комуналец – Прилеп: Нов изглед на парковите со замена на оштетени клупи
Вести

Комуналец – Прилеп: Нов изглед на парковите со замена на оштетени клупи

30/04/2026
Македонците во Албанија на 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец во Мала Преспа
Вести

Македонците во Албанија на 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец во Мала Преспа

30/04/2026
Следна вест
„Макпрогрес“ по пожарот: Фабриката ќе ја обновиме, најважно е што нема човечки жртви

„Макпрогрес“ по пожарот: Фабриката ќе ја обновиме, најважно е што нема човечки жртви

Најнови вести

Полициски службеници успешно извлекоа шест лица од излетано возило надвор од автопат

Полициски службеници успешно извлекоа шест лица од излетано возило надвор од автопат

30/04/2026
Дневен хороскоп за понеделник, 1-ви јули 2024-та

3 хороскопски знаци на кои животот им станува многу полесен од 30 април

30/04/2026
Разговорите меѓу Србија и Косово завршија неуспешно

Вонредните парламентарни избори на Косово закажани за 7 јуни

30/04/2026
ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!

ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

30/04/2026
Комуналец – Прилеп: Нов изглед на парковите со замена на оштетени клупи

Комуналец – Прилеп: Нов изглед на парковите со замена на оштетени клупи

30/04/2026
Македонците во Албанија на 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец во Мала Преспа

Македонците во Албанија на 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец во Мала Преспа

30/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.