• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието

01/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Потребна е брза и одлучна акција  за укинување на пропаднатата реформа во образованието

На овој убав ден сепак со јавноста треба да споделам со кои предизвици ќе се соочуваат и учениците и наставниците. Вчера еден од креаторите на фамозната Концепција за реформи во образованието, кој држеше обуки и ја промовираше Концепцијата, Кирил Барбареев изјави дека реформата во основното образование е веќе пропадната, посочи Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност во Македонија од сам почеток тврдеа дека оваа реформа е неспроведлива и крајно лошо обмислена. На Кирил Барбареев тоа му станува јасно по 2,5 години, а Владата се уште се обидува да ја спроведе таа пропадната реформа.

Учебници за сите ученици на првиот училишен ден нема да има, а и не само на првиот и понатаму. Учениците ќе бидат дискриминирани со тоа што едни ќе имаат учебници, а други материјали за учење, односно линк до ПДФ формат некакви материјали. Огромен број на ученици ќе имаат полураспагнати учебници користени во претходните години.

Врв на хипокризијата на оваа Влада во однос на учебниците е изјавата на премиерот дека министерот не пишува учебници и не е одговорен за нивниот недостаток.

Премиере и изминатите 30 години министерот не пишуваше учебници ама нив ги имаше.

Наставниците ќе бидат фрустрирани бидејќи оваа година ќе држат различен број часови за иста плата.

Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Аррика, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија.

Дел од наставниците ќе предаваат предмети за кои немаат компетенции и вештини. Наместо оценки по предмет наставниците ќе пишуваат оценки на модули. Сето ова како резултат на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, документ кој ако се спроведува води до кршење на најмалку 3 закони.

Значи ли тоа дека ако директорите ги спроведуваат овие насоки, утре може да бидат и разрешени и казнети за непочитување на постоечкиот важечки закон? Потоа Владата ќе побара одговорност и од градоначалниците.

Проѕирна е играта, но не зборавајте дека директорот на Бирото за развој на образованието ставил потпис на документот, а над него е министерот.

За да го сврти вниманието на наставниците од проблемите во училиштето и наставата, Владата ги замајува деновиве со проценти од плата, иако вети потпишување на Колективниот договор требаше да биде потпишан уште пролетта.

Во ваквата хаотична состојба само оваа Влада може да очекува подобри резултати на учениците. Тоа не е можно. Можеби таа и не очекува, но упорно не убедува дека се е добро и многу европски.

Почитувани, не треба да поминат нови 2,5 години за на Владата и стане јасно што прави, потребна е брза и одлучна акција (кажано во нивен стил на изразување) за укинување на пропаднатата реформа“, истакна Јаневска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила
Вести

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција
Вести

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје
Вести

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
Следна вест
Халанд е најдобар фудбалер на светот, Гвардиола е најдобар тренер

Халанд е најдобар фудбалер на светот, Гвардиола е најдобар тренер

Најнови вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.