• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, по инцидентот во кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Бугарска амбасада во Скопје.

Муцунски остро го осуди настанот и ја информираше својата бугарска колешка дека надлежните институции во државата веќе преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на околностите и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Тој нагласи дека Министерството дава целосна поддршка на истражните органи за брза, ефикасна и транспарентна постапка со цел целосно расветлување на случајот.

Осуда за инцидентот пристигна и од македонските и од бугарските институции, при што од бугарското Министерство за надворешни работи беше наведено дека ваквите настани се резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза.

Бугарските медиуми објавија и видео-снимка на која се гледа како непознато лице наводно ги полева возилата со запалива течност пред објектот на амбасадата, по што истите се запалуваат.

Од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија информираа дека случајот бил пријавен околу 12:13 часот, по што полициски службеници излегле на терен и констатирале дека се работи за делумно опожарени возила „киа“ и „сузуки“ во сопственост на дипломатската мисија.

Надлежните служби продолжуваат со истрага за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.