• Импресум
Monday, June 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Град Скопје стартуваше со реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници

15/06/2026
A A
Град Скопје стартуваше со реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници

Градот Скопје денеска официјално го означи почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во општина Гази Баба, еден од најзначајните и најфреквентни сообраќајни објекти во главниот град.

На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Скопје и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кои истакнаа дека станува збор за долгогодишно барање на граѓаните и проект од големо значење за безбедноста и непреченото одвивање на сообраќајот.

Мостот „Естакада“ претставува една од клучните сообраќајни врски на источниот влез и излез од градот, по која секојдневно се движат илјадници граѓани, ученици, работници и превозници.

Со проектот е предвидена санација на пристапните рампи на површина од околу 10.000 квадратни метри. На 3.800 квадратни метри ќе се изврши целосно отстранување на постојниот коловоз и поставување на два нови асфалтни слоја, додека на самиот мост ќе биде нанесен нов асфалтен слој.

Покрај тоа, ќе се заменат рабниците, ќе се изградат нови асфалтни тротоари, ќе се изврши чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на капаците на шахтите.

Вкупната должина на делницата што ќе биде опфатена со реконструкцијата изнесува 1,5 километри.

Од Град Скопје посочуваат дека проектот претставува инвестиција во поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетни услови за секојдневно движење на граѓаните, најавувајќи продолжување на активностите за санација и модернизација на останатите мостови и сообраќајни објекти во градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фејсбук повторно достапен, но не и Инстаграм
Вести

Нови строги мерки за заштита на малолетници во Велика Британија

15/06/2026
Срамно е да пропадне Охридскиот маратон: Пендаровски ќе ја штити ли 60-годишната традиција?
Вести

Безживотно тело извлечено од Охридското Езеро кај Струга

15/06/2026
Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“
Вести

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

15/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст
Вести

Последен ден од првиот уписен рок за идните средношколци

15/06/2026
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок
Вести

Украина и Молдавија почнаа преговори со ЕУ, Мицкоски ја критикуваше поранешната власт

15/06/2026
Софија реагира по инцидентот во Скопје: Нападот не е изолиран случај
Вести

Софија реагира по инцидентот во Скопје: Нападот не е изолиран случај

15/06/2026
Следна вест
Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

Најнови вести

Фејсбук повторно достапен, но не и Инстаграм

Нови строги мерки за заштита на малолетници во Велика Британија

15/06/2026
Срамно е да пропадне Охридскиот маратон: Пендаровски ќе ја штити ли 60-годишната традиција?

Безживотно тело извлечено од Охридското Езеро кај Струга

15/06/2026
Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

Трансфер бомба од Мадрид: Кукуреља се сели на „Сантијаго Бернабеу“

15/06/2026
Град Скопје стартуваше со реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници

Град Скопје стартуваше со реконструкција на една од најфреквентните сообраќајници

15/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Последен ден од првиот уписен рок за идните средношколци

15/06/2026
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок

Украина и Молдавија почнаа преговори со ЕУ, Мицкоски ја критикуваше поранешната власт

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.