• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Бајден предупредува дека „милиони ќе гладуваат“ ако „се затвори“ владата на САД

26/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Бајден предупредува дека „милиони ќе гладуваат“ ако „се затвори“ владата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и еден од неговите главни помошници во понеделникот предупредија дека „затворањето“ на сојузната влада на САД може да предизвика широко распространето страдање, вклучително и брзо губење на субвенциите за храна за речиси седум милиони жени и деца со ниски приходи.

Бајден рече дека неуспехот на Конгресот да ја финансира сојузната федералната влада би имал „страшни последици за црнечката заедница, вклучително и намалување на субвенциите за храна, инспекции на локациите за складирање опасен отпад и спроведување на праведните законите за домување“.

Рече дека тој и претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти, се договориле пред неколку месеци за нивоата на трошоци за владата.

„Се договоривме, се ракувавме. Сега мала група екстремни републиканци во Претставничкиот дом не сакаат да го исполнат тој договор и секој во Америка може да се соочи со плаќање на цената за тоа“, рече Бајден.

На прашањето дали разговарал со Мекарти, Бајден одговори дека не разговарал. На прашањето кога ќе разговараат, тој одмавна со главата.

Американскиот секретар за земјоделство, Том Вилсак, претходно им рече на новинарите дека „огромното мнозинство“ од седумте милиони учесници во Специјалната програма за дополнителна исхрана за жени, доенчиња и деца (WIC) ќе забележат итно намалување на придобивките во деновите и седмиците по почетокот на „затворањето“.

Речиси половината од новороденчињата во САД се потпираат на WIC.

Специјалната програма за помош во исхраната (SNAP) ќе продолжи како и обично до октомври, но и таа може да биде засегната од затворањето на сојузната влада потоа.

Повеќе од 40 милиони Американци се потпираа на SNAP за да врзат крај со крај во 2022 година. Инфлацијата изврши нов притисок врз буџетите на домаќинствата, со цени повисоки од пандемијата на ковид-19 за различни стоки – од леб до свеж зеленчук и формули за бебешко исхранување.

За време на „затворњето“, агенциите за земјоделски услуги, исто така, ќе престанат да им даваат заеми на земјоделците во текот на жетвата, а оние што сакаат да купат домови нема да можат да добијат заеми во руралните области, рече Вилсак.

Над 50.000 работници на Министерството за земјоделство ќе бидат на неплатен одмор.

Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците, би можел оваа седмица да се придвижи кон драстично намалување на трошоците, што речиси сигурно ќе биде отфрлено од Сенатот кој под контрола на демократите.

Иако кастрењата нема да станат закон, неуспехот на двата дома да се договорат може да доведе до следната седмица до делумно „затворање“ (shutdown) на американската влада.

Пратениците во Претставничкиот дом требаше да разгледаат во вторник четири нацрт-закони за трошење за претстојната фискална година, кои исто така ќе воведат нови ограничувања за пристапот до абортус, ќе ја поништат климатската иницијатива на администрацијата на Бајден вредна 11 милијарди долари и ќе ја продолжат изградбата на граничниот ѕид со Мексико, што беше иницијатива на поранешниот претседател со републиканецот Доналд Трамп со цел да се спречи неконтролираната масовно миграција во САД. Бајден вети дека ќе стави вето на најмалку два нацрт-закона.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион
Вести

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин
Вести

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба
Вести

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува
Вести

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне
Вести

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
Следна вест
Њујорк како светска туристичка дестинација за нашиот државен врв

Њујорк како светска туристичка дестинација за нашиот државен врв

Најнови вести

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.