• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Њујорк како светска туристичка дестинација за нашиот државен врв

26/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Њујорк како светска туристичка дестинација за нашиот државен врв

Кога ќе излезат надвор од границите на нивната Северна, имам впечаток дека претставниците на државниот врв се однесуваат како туристи кои што едиствена цел им е прошетка по знаменитости, две-три маргинални средби колку да се покрие патниот налог и најважно од се трошење на буџетски средства. Со оглед на тоа дека живееме во едно по модерно време ќе сретнеме и по некое селфи, како тинејџерки кои го сретнале својот идол.

Сликата е од прилика ваква, жалосна и непоправлива…

Секоја година во овој период се случува еден од најважните настани во мултилатералната политика, годишното Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Збиднување кое секоја држава членка на ООН го користи за сопствена видливост и промоција на своите позиции и интереси. Од Македонија во Њујорк оваа година отпатува речиси комплетниот состав на Владата плус Претседателот на државата. Во исто време таму се најдоа Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Битиќи, Османи, Меџити, со цел да се збогуваат за последен пат со се она што наведов на почетокот од оваа колумна. Нешто што не се случило во поновата македонска историја.

Но да одиме по ред.

Најважно за секоја земја е обраќањето на шефот на делегацијата пред Генералното собрание. Во тие неколку минути секој се обидува да ги пренесе нај важните пораки за сопствената земја. Што кажа Пендаровски пред Генералното собрание на ООН? Нормално ништо значајно за Македонија. Спомна некаква стратегија за климатска акција и нормално онаа секојдневно повторувана лага дека ќе сме станеле членка на ЕУ до 2030 година. И тоа е тоа. Ништо значајно за државата и народот.

Одиме понатаму… шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. Што да се каже за неговото учество на Генералното собрание? Исто така безначајно, како она на Пендаровски. Сите средби му беа во капацитет на претседавач со ОБСЕ, обидувајќи се себеси да се претстави како фактор за решавање на одредени конфликти во светот. Гол ПР и ништо повеќе од тоа. А да, ќе заборавев… и холивудски снимки по авениите низ Њујорк.
Останатите, да бидам искрена, не ми е јасно со која цел отпатуваа во САД, со оглед на тоа што со Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар имаа средба во Македонија пред само неколку недели, а за други средби не слушнавме.

За составот и човечкиот потенцијал на Постојаната мисија на Република Македонија при ООН во Њујорк, која е значајна компонента при секое годишно Генерално собрание на ООН, нема што многу да се каже. Со истата раководи Љубомир Фрчкоски. Иститот тој Фрчкоски кој и после повеќе од 30 години на македонската политичка сцена не престануваат да го следат низа скандали. Во Њујорк, според кажувањата на вработените, е на одмор на државна сметка, човек обвинет за насилство врз жени и учесник во многубројни корупциски скандали во времето на транзицијата. Лице на кое му беше одбиен агреман од САД, а Владата и Претседателот по секоја цена, од само за нив познати причини, противзаконски го испратија во Њујорк на скандалозен начин, без одбрана на тези пред собраниската комисија за надворешна политика. Останатите лица (дипломати и локален персонал), се исто така со сомнителен професионален капацитет, сите донесени во Постојаната мисија на лично барање од Фрчкоски. Вака екипирано ДКП служи само за задоволување на личните желби, да се живее во Њујорк на наш грб.

Ова патување го чини буџетот на Македонија стотици илјади евра за авионски билети, сместување, дневници, итн, и е срамно да бидат потрошени во време кога државата е во длабока економска криза. Време кога нема кој не протестира барајки подобар живот.

Форматот и обемот на оваа туристичка група, т.н делегација јасно кажува дека мотивот бил исклучиво скапа прошетка со наши пари. Ние живееме период на историска срамота за Македонија и Македонците.

Следна дестинација, како долгогодишен дипломат од кариера им го препорачувам Собранието на Македонија. Одлична дестинација за да изгласа распуштање на истото и одличен аражман за „прошетка“ на избори. Но, овој пат ќе си платат од џеб, зошто сметката од народот е веќе пратена по пошта.

Доц. др. Викторија Трајков
Кариерен дипломат и стратешки соработник
за меѓународна политика на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција
Вести

Приведени лица во Скопје и Камењане, МВР со детали за акцијата

26/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко
Вести

Зеленски: Русија лансираше 95 ракети и речиси 1.700 дронови за една недела

26/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Хорор сцена во Петровец: 24-годишник приведен по инцидент со мајка му

26/07/2026
Гази Баба ќе субвенционира поправка и реконструкција на лифтови во згради постари од 20 години
Вести

Брза интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот во Парк-шумата Гази Баба

26/07/2026
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година
Вести

Македониумот конечно добива заштита по години оштетувања од влага

26/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

26/07/2026
Следна вест
,,Универзитет Скопје”-Македонски бренд во образованието

,,Универзитет Скопје”-Македонски бренд во образованието

Најнови вести

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција

Приведени лица во Скопје и Камењане, МВР со детали за акцијата

26/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко

Зеленски: Русија лансираше 95 ракети и речиси 1.700 дронови за една недела

26/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Хорор сцена во Петровец: 24-годишник приведен по инцидент со мајка му

26/07/2026
Гази Баба ќе субвенционира поправка и реконструкција на лифтови во згради постари од 20 години

Брза интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот во Парк-шумата Гази Баба

26/07/2026
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Македониумот конечно добива заштита по години оштетувања од влага

26/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

26/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.