Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК соопштија дека веднаш по добиената пријава била воспоставена координација меѓу надлежните институции, а екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје навремено интервенирале и успеале да ја стабилизираат состојбата на терен.
Според информациите, директорот на ЦУК лично бил присутен на местото на пожарот, каде ја следел ситуацијата и ја координирал работата на службите вклучени во гаснењето.
Иако огнената стихија е ставена под контрола, противпожарните екипи и останатите надлежни служби ќе продолжат со активности на терен сè до целосно локализирање и гаснење на пожарот.
Целта е да се спречи повторно активирање на огнот и да се обезбеди целосна безбедност на подрачјето на Парк-шумата Гази Баба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












