• Импресум
Sunday, May 31, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Нема датум за вакцини, за набавката преку Kовакс системот Владата ќе разговара утре

15/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Нема датум за вакцини, за набавката преку Kовакс системот Владата ќе разговара утре

На 15 дена пред завршувањето на првиот квартал се уште нема датум за добивање прва поголема количина на вакцини со кои би почнала масовната имунизација на населението во земјава

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот.

– Знам уште од претходно дека сите услови кои се побаруваат во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални разговори околу користење на механизмот бевме посочени како држава која ги исполнува условите, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

И додека ја чекаме првата голема пратка, во регионот почна масовната имунизација. Лидер е Србија каде досега вакцинирани се 28 на 100 луѓе. Следуваат Грција и Словенија со 12, Хрватска со 6 и Бугарија со четири вакцинирани на 100 луѓе. Под 1 е стапката само во Албанија и Црна Гора.

Податоци не се достапни за Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. Меѓутоа, во БиХ веќе се знае кога ќе пристигнат големите пратки. Оваа држава нарачува 350.000 дози од Спутник. Преку КОВАКС системот на 23 март во Босна и Херцеговина ќе пристигнат нешто над 24.000 дози, на 29 март 36.000 од Фајзер, а на 22 април уште 76.000 дози од АстраЗенека.

Во Македонија досега вакцина примиле 4 782 здравствени работници. Досега пристигнаа нешто над 8.000 дози на Фајзер донација од Србија и 3.000 на Спутник. За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, пак, досега се пријавиле 80.201 граѓани, а 56.821 преку матичен лекар. рп/са/

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Франција: Судири меѓу навивачи и полиција по финалето
Вести

Хаос во Франција: Судири меѓу навивачи и полиција по финалето

31/05/2026
Сан Антонио го освои Западот и оди во НБА финале
Вести

Сан Антонио го освои Западот и оди во НБА финале

31/05/2026
Денеска православните верници го одбележуваат големиот празник – Духовден, Света Тројца
Вести

Денеска православните верници го одбележуваат големиот празник – Духовден, Света Тројца

31/05/2026
Власта да запре со предизборните вработувања
Вести

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ нуди уставни измени без заштита на државните интереси

31/05/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата
Вести

Истече рокот за Реформската агенда, ветувањата на власта останаа неисполнети, велат од СДСМ

31/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Растат тензиите меѓу САД и Иран и покрај сигналите за можен договор

31/05/2026
Следна вест

И Германија го сопре вакцинирањето со "AstraZeneca"

Најнови вести

Хаос во Франција: Судири меѓу навивачи и полиција по финалето

Хаос во Франција: Судири меѓу навивачи и полиција по финалето

31/05/2026
Сан Антонио го освои Западот и оди во НБА финале

Сан Антонио го освои Западот и оди во НБА финале

31/05/2026
Денеска православните верници го одбележуваат големиот празник – Духовден, Света Тројца

Денеска православните верници го одбележуваат големиот празник – Духовден, Света Тројца

31/05/2026
Власта да запре со предизборните вработувања

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ нуди уставни измени без заштита на државните интереси

31/05/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

Истече рокот за Реформската агенда, ветувањата на власта останаа неисполнети, велат од СДСМ

31/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Растат тензиите меѓу САД и Иран и покрај сигналите за можен договор

31/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.