• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Треба да се дадат пари на медиумите, ама…

15/11/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Треба да се дадат пари на медиумите, ама…

Колумна на Никола Тасев:

Владата многу сака да планира. Се изнаслушавме стотици планови досега. Де долгорочни, па краткорочни, па тромесечни, па планови на 4 години, па развојни, па инвестициски… Сите се различни, но сите имаат една заедничка нитка: ученички скоцкана презентација, пред камери наредени министри во строј, надежни зборови, многу очекувања…

Ама, потоа таквите планови никако да се остварат.

Но, тоа не ги разочарува, напротив – прават нови и нови планови. А имаат и еден план на кој власта постојано се присетуват кога доаѓаат избори: Како да се купи љубовта со телевизиите, ама со народни пари.

Еве, повторно во Парламентот и повторно со европско знаменце се туркаат брзи измени на Законот за аудиовизуелни и медиумски услуги, каде што покрај другите работи власта сака да го озакони државното рекламирање на телевизиите. Истото решение против кое, кога беа во опозиција, жестоко се бунтуваа. Тогаш за нив тоа беше владина корупција на телевизиите, а сега…

Планот им е едноставен: Минимум 4 милиона евра годишно треба да завршат од државниот буџет кај телевизиите по основ на реклама и промоција. Што ќе рекламира Владата? Можеби електричните возила од тетовската фабрика или новите автопатишта кон косовската граница и кон Охрид? Или можеби низ реклама, Владата ќе го кажува она што го тврди Ковачевски дека Македонија е лидер во регионот?

Да се разбереме: не сум против тоа, државата да помага на домашната економија, на медиумите, на приватните компании, на граѓаните. Впрочем тоа е и една од обврските на Владата. Но, категорично сум против паушално расфрлање државни пари за измислени работи, од кои за Македонија ќе нема речиси никаков позитивен ефект. Можеби ќе се изгасне некој пожар, ке се исплати некоја заостаната плата или хонорар, ќе се плати некоја комунална сметка или ќе се набави некоја серија. Но тоа е еднократен позитивен ефект, што нема да го реши проблемот на телевизиите, ниту на новинарите.

Затоа, наместо стихијно и еднократно решение, медиумите имаат потреба од долгорочен план, кој ќе ги заштити медиумските работници, а за телевизиите, порталите, весниците… ќе обезбеди финансиска стабилност и пред се развој. А, тоа може многу едноставно да се постави како правило, преку формирање на Фонд за медиуми. Намерно пишувам медиуми, оти не се само телевизиите медиум од општествен интерес за државата, а уште помалку се тоа само петте национални терестријални телевизии, кои треба да добијат две третини од државните реклами.

А тој Фонд нека биде и многу повеќе од предвидените 4 милиона евра. Медиумите да аплицираат и да повлекуваат пари за конкретни проекти. Тие имаат потреба од трајна стабилност преку доделување на наменски средства за конкретни проекти насочени кон јакнење на македонскиот јазик и јазиците на малцинствата, кон македонски играни серии и документарци, македонската песна… Ни фалат македонски квизови за деца, образовни и воспитни емисии, забавни шоуа со македонски песни, фолклор. Ни се изгуби јазикот, младите се помалку ја знаат историјата.

Ете така нека се потрошат парите. Да се знае дека од нив државата и народот ќе имаат ефект. И тие пари да не ги доделува некој министер, туку на пример волонтерско тело полно со експерти од разни области. Тие да ги одобруваат понудените проекти од медиумите.

Инаку, оти треба да се лупнат 4 милиона евра пари од граѓаните, онака по желба на некој министер, а парите во голем дел да се потрошат за турски серии? Ма, ЈОК!!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови
Вести

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за среда, 15 ноември 2023 година

Дневен хороскоп за среда, 15 ноември 2023 година

Најнови вести

Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.