• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Не е развоен буџет оној што ја заборава науката и талентите

01/12/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Не е развоен буџет оној што ја заборава науката и талентите

Македонија требало да биде спокојна. Владата следната година ќе ја „градела“ со буџет од 5,5 милијарди евра. Најголем досега, иако немаше некој раст оваа година за да се оправда тоа големо трошење. Ама развоен ќе бил буџетот – така велат министрите.

Треба ли да сме спокојни?

Владата на ДУИ и СДСМ истото го кажуваа и лани – дека ќе имаме развоен буџет. Заедничко на сите досегашни буџети проектирани од оваа политичка гарнитура се најавите дека се развојни, но заедничко е и дека реално развој во Македонија не видовме. Тапкаме во место, парите немилосрдно се трошат, задолжувања се редат и станаа загрижувачки.

Ова мора да престане! Владата се однесува како да има буре без дно, полно со злато и дијаманти. Народните пари лесно им летаат за се и сешто.

Ако се погледнат ставките на што засилено ќе се троши, но и тоа каде ќе се крати, слободно може да се напише дека и во 2024 година ќе возиме „малку лер – малку рикверц“.

И замислете, ќе кратат најмногу кај младите и кај науката. Ќе кратат од иднината на Македонија, од она што може да гарантира реален и константен развој. Ако во Владата планираа вистински развој ќе насочеа повеќе пари во науката, во истражувањето и иновациите. Ќе инвестираа за државата да си го најде своето место на светската научна и образовна мапа. Тука не треба да се крати, оти секој денар вложен во науката, многукратно ќе се врати.

А имаме учени луѓе, научници, иноватори, таленти… Пред некоја година Универзитетот Стендфорд објави топ листа на научници од целиот свет. Во самиот врв, меѓу 2 отсто од најпризнатите беа шестмина од Македонија. Признати и посакувани во светот, а речиси непознати за нашите власти, и без доволно добри услови за творење.

Среќа ќе има избори, па очекувам новата власт да ги повика и да праша што им треба, да се создадат услови, да се отворат или дoнаправат разни лаборатории и истражувачки институти, каде што таквите авторитети ќе творат, а воедно и ќе подготвуваат и образуваат нови кадри. Па во Македонија да доаѓаат студенти и асистенти од цел свет, за да учат од нашите научници. 

Тоа е развојна инвестиција! Државата да предизвика, да плати нашите научници во Македонија да носат колеги од странство и да творат заедно. А младите да асистираат, да учат од нив. Тоа не е скапо, само треба да се има визија. Скапо беше кога се даваа пари за тренирање магариња.

Во развиениот свет пракса е државите да им помагаат и на компаниите што се иновативни, што патентираат изуми, што го освојуваат меѓународниот пазар со своите производи, што отвараат нови работни места. Дали тоа ќе биде со даночни олеснувања или со конкретни грантови на уште поконкретни развојни проекти, не е важно. Важно е да се стимулираат компаниите каде што има експерти и знаење. Па тоа го прават САД, Германија…. Оти финансиски не се помогне, на пример во Алкалоид или во Витаминка за да им се овозможи да измислат, да направат некој нов производ, со кој ќе се „освојува“ светот. Зошто од нив само се барат да даваат, а сега и со дополнителни даноци се товараат?

Не, не ги заборавив и најмладите таленти. Напротив ги нагласувам, како лица кон кои барем новата власт треба повеќе да гледа. Македонија е непресушен извор на млади, основци и средошколци кои на разни напревари по математика, физика, хемија… од странство се враќаат со бројни медали. Освојуваат олимпијади како од шега, иако, најчесто тоа е само нивен труд и несебичност – посветеност на нивните ментори (професори во училиштата и факултетите). Сигурен сум дека ќе успеваат многу повеќе ако им се создадат услови, ако не мора самите да трчаат по спонзорства за да истражуваат, па дури и за да отпатуваат на натпреварите. Ќе се откријат така и нови таленти.

Тие млади надежни научници немаат доволно шанса да просперираат од разни псевдо иноватори – партиски послушници. И се додека со парите од буџетот ќе се гаси партиската жед и незадоволство, младите научници ќе ни ги крадат другите држави.

Зарем за наброеново нема пари во толкав буџет? Сегашната власт проценила дека нема. Тие други работи сакаат да развиваат. За жал на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови
Вести

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Следна вест
Мухамед Зеќири осуден на две години и шест месеци затвор и да врати 71.338.336 денари

Мухамед Зеќири осуден на две години и шест месеци затвор и да врати 71.338.336 денари

Најнови вести

Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.