• Импресум
Sunday, June 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Помош во дилемата на Ковачевски: Може ли МВР за еден месец да издаде над милион пасоши?

12/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Помош во дилемата на Ковачевски: Може ли МВР за еден месец да издаде над милион пасоши?

Дел од македонските државни функционери конечно се зафатија да го решаваат хаосот и понижувањата кои ги трпат граѓаните поради наметнатиот рок до 12 февруари да ги сменат личните документи. Од власта сега решително велат дека се ќе направат само за доброто на граѓаните. Ама…

Прво министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ноември изјави дека процесот на менувањето „ќе заврши во наредните два месеца“. Најверојатно чекувајки народот да трпи, да чека на мразот и дождот, да припаѓа од умор, да се кара, да доаќа по три пати… и така полека – полека проблемот да се реши.

Но, хаосот се трупаше. Понижувањето на населението го допре дното.

Сега пак, премиерот Димитар Ковачевски притиснат од негодувањата изјавува дека наметнатиот рок ќе се продолжел „доколку биде потребно“.

– До сега се издадени 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече во петокот Ковачевски.

И, сега станува главната збунка. Како бе тоа премиерот ни порачува дека ќе се реагирало „ако се покажело за потребно“?

Па знае ли Ковачевски дека рокот кој го наметна да се сменат пасошите доаѓа за еден месец? Знае тој уште колку граѓани на Македонија немаат пасоши со „Северна“? Нели веќе знае дека до сега се издале само 1,2 милиони? 

И главното прашање на Ковачевски: Може ли МВР за 30 дена да издаде околу еден милион пасоши и така да се спази рокот кој власта го наметна?

Премиерот мора да си одговори на овие прашања веќе попладнево и веднаш од утре да почне со постапките за одложување на ултимативниот рок – оти е очигледно дека ИМА ПОТРЕБА ОД ТОА.

Зарем во Владата се уште веруваат дека во наредните триесетина дена сите преостанати граѓани може да ги сменат личните документи? Или може Ковачевски е опуште затоа што е премиер уште две недели, па дуги нека му ја мислат потоа?

Ако македонски пасоши имаат околу 2,5 милиони лица. Според некои проценки треба уште две – три години да се сменат сите. Но, еве да земеме дека многумина нема да бараат пасоши веднаш, па затоа реално е дека одложувањето треба да биде најмалку уште една година. Време во кое властите ќе треба многу повеќе да се подготват и организираат околу оваа операција – која граѓаните всушност и не ја подржаа, а ја плаќаат високата цена.

Помош во дилемата на Ковачевски: Може ли МВР за еден месец да издаде над милион пасоши?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери
Вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст
Вести

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад
Вести

Протест во Нови Сад

21/06/2026
Следна вест
Пред четири години констатиравме злоупотреби во набавката на пасоши, предметот сè уште е во фиока, случајот се повторува“, вели Чулев

Пред четири години констатиравме злоупотреби во набавката на пасоши, предметот сè уште е во фиока, случајот се повторува“, вели Чулев

Најнови вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад

Протест во Нови Сад

21/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.