• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Потпишан договор за модернизација на националниот систем за наводнување на земјоделското земјиште

16/01/2024
A A
Потпишан договор за модернизација на националниот систем за наводнување на земјоделското земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денес заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија и претставници на фирмата консултат “Глобатек” го потпишаа договорот за реализација на уште еден значаен капитален проект во делот на наводнувањето на земјоделското земјиште.

Денешното потпишување на договорот следува откако на 9 јануари 2024 година, Владата на владина седница, ја усвои предложената информација од нас како министерство, за обезбедени грант средства за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување.

Станува збор за грант средства, поддршка во рамки на Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, поддржани од Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија, во вредност од 765.158,00 евра“, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Реализацијата на активностите, кои се предвидени, се поделени во неколку фази. Првата фаза предвидува идентификување на локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки. Потоа втората фаза опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, додека третата фаза предвидува подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки.

Употребата на ваквата технологија, со поставување на пловечки фотоволтаици, веќе се користи во неколку земји од Европа, како на пример Шпанија и Белгија, а изведените пловечки соларни постројки се главно искористени во Секторот за наводнување и управувани од соодветните организации за наводнување, што му овозможува на земјоделскиот сектор да биде независен и поодржлив“ истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски во своето обраќање додаде дека преку овој проект, како министерство, дополнително вложуваме во развој и модернизација на националниот систем за наводнување на земјоделското земјиште, директно помагајќи го производството на секој еден земјоделец.

Нема стабилно земјоделство, без стабилен и модерен систем за наводнување на земјоделското земјиште. Токму вложувањето во водоснабдителни капацитети е еден од нашите клучни приоритети во работата на министерството. Со средства на државата, но и средства поддршка од Европската Унија, градиме нови брани и системи за наводнување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Голем напредок на инфраструктурните проекти во Скопје
Вести

Мицкоски: Голем напредок на инфраструктурните проекти во Скопје

26/07/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Неочекуван предлог на Токаев пред Путин за војната во Украина

26/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени

26/07/2026
Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите
Вести

Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

26/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Шеесет и едногодишник од Кичево тешко повреден во сообраќајна несреќа

26/07/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Следна вест
Сланина и маст го намалуваат холестеролот, но ова месо го зголемува: Нутриционистот Рапајиќ открива и кога маслото за готвење станува канцерогено

Сланина и маст го намалуваат холестеролот, но ова месо го зголемува: Нутриционистот Рапајиќ открива и кога маслото за готвење станува канцерогено

Најнови вести

Мицкоски: Голем напредок на инфраструктурните проекти во Скопје

Мицкоски: Голем напредок на инфраструктурните проекти во Скопје

26/07/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Неочекуван предлог на Токаев пред Путин за војната во Украина

26/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Летно време низ Македонија, сонце и температури до 35 степени

26/07/2026
Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

Тајфунот Ноул ја погоди Кина, стотици илјади жители ги напуштија домовите

26/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Шеесет и едногодишник од Кичево тешко повреден во сообраќајна несреќа

26/07/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.