• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: Голем напредок на инфраструктурните проекти во Скопје

26/07/2026
A A
Мицкоски: Голем напредок на инфраструктурните проекти во Скопје

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се реализирани околу 75 проценти и се очекува проектот да биде целосно завршен до крајот на годината, по што значително ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се подобри безбедноста на овој дел од Скопје. Ова денеска го изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот на терен, заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Ѓорѓиевски истакна дека пред седум месеци проектот бил речиси целосно запрен, со само десет проценти реализирана експропријација, додека денес таа постапка е целосно завршена и сите сопственици се обесштетени од страна на Град Скопје.

Тој нагласи дека станува збор за еден од најкомплексните инфраструктурни проекти во главниот град, кој покрај новата клучка опфаќа и изградба на два километри потпорни ѕидови, како и пешачки и велосипедски патеки.

Градоначалникот информираше дека паралелно се работи на уште пет мостови во Скопје. До крајот на годината треба да бидат завршени проширувањето на мостот на реката Серава и мостот на улицата „Љубљанска“, додека интензивно се изведуваат работи и на булеварот „Борис Трајковски“. Во август, пак, е најавен почетокот на изградбата на мостот што ќе ги поврзе општините Гази Баба и Аеродром.

Ѓорѓиевски потенцираше дека Владата обезбедила 60 милиони денари за изградбата на клучката кај Момин Поток, оценувајќи дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе бидат реализирани во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски ја пофали работата на градоначалникот, посочувајќи дека за краток период е направен значителен напредок кај проекти кои претходно биле во застој.

Тој најави дека Владата до крајот на годината ќе обезбеди нова механизација за јавната хигиена во Скопје, меѓу која камиони, цистерни и метларки, а промоцијата на опремата се очекува до крајот на август. Освен Скопје, ваква опрема ќе добијат и повеќе поголеми општини во државата.

Мицкоски додаде дека се очекува да заврши и постапката за набавка на нови електрични автобуси, кои ќе бидат распределени во Скопје и во други општини.

Според премиерот, реализацијата на инфраструктурните проекти е во полн ек, а Владата ќе продолжи со поддршка на општините за исполнување на ветените капитални инвестиции, нагласувајќи дека иако не може преку ноќ да се надомести сè што било запоставувано со години, со посветена работа се постигнуваат видливи резултати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција
Вести

Приведени лица во Скопје и Камењане, МВР со детали за акцијата

26/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко
Вести

Зеленски: Русија лансираше 95 ракети и речиси 1.700 дронови за една недела

26/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Хорор сцена во Петровец: 24-годишник приведен по инцидент со мајка му

26/07/2026
Гази Баба ќе субвенционира поправка и реконструкција на лифтови во згради постари од 20 години
Вести

Брза интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот во Парк-шумата Гази Баба

26/07/2026
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година
Вести

Македониумот конечно добива заштита по години оштетувања од влага

26/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

26/07/2026
Следна вест
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок

Мицкоски најави крај на проблемот со водата во Гостивар по една недела

Најнови вести

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција

Приведени лица во Скопје и Камењане, МВР со детали за акцијата

26/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко

Зеленски: Русија лансираше 95 ракети и речиси 1.700 дронови за една недела

26/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Хорор сцена во Петровец: 24-годишник приведен по инцидент со мајка му

26/07/2026
Гази Баба ќе субвенционира поправка и реконструкција на лифтови во згради постари од 20 години

Брза интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот во Парк-шумата Гази Баба

26/07/2026
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Македониумот конечно добива заштита по години оштетувања од влага

26/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

26/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.