• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски најави крај на проблемот со водата во Гостивар по една недела

26/07/2026
A A
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок

Жителите на Гостивар се очекува уште во текот на утрешниот ден повторно да добијат технички исправна вода за користење, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека проблемот се санира во рекордно краток рок од една недела.

Тој посочи дека, иако управувањето со водоводниот систем е во надлежност на локалната самоуправа, Владата веднаш се вклучила во надминување на состојбата преку обезбедување донации со флаширана вода за граѓаните и ангажирање стручни екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои спроведуваат хиперхлорирање на водоводната мрежа.

Мицкоски изрази очекување дека уште утре надлежните институции ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба.

„Екипи од скопскиот водовод во Гостивар работат на хиперхлорирање на инсталацијата. Очекувам уште утре да се издаде соопштение дека водата е технички исправна за користење. Ова се санираше во рекорден рок од една недела“, изјави премиерот.

Тој упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека наместо конструктивен пристап, пласира неосновани обвинувања и создава непотребна паника кај јавноста.

Во однос на одговорноста за инцидентот, премиерот нагласи дека случајот е предмет на истрага на Јавното обвинителство, кое треба да утврди како дошло до загадувањето и кој е одговорен.

„Целосната одговорност за тоа што се случи во Гостивар во моментов е во надлежност на Јавното обвинителство, кое ќе утврди каде лежи вината. Иако водоводот не е наша ингеренција, Владата веднаш обезбеди вода за пиење преку донации и се вклучи во решавањето на проблемот“, истакна Мицкоски.

Тој порача дека Владата ќе продолжи да реагира и да им помага на граѓаните секогаш кога ќе биде потребно, без разлика на тоа во чија надлежност е конкретниот проблем.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција
Вести

Приведени лица во Скопје и Камењане, МВР со детали за акцијата

26/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко
Вести

Зеленски: Русија лансираше 95 ракети и речиси 1.700 дронови за една недела

26/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Хорор сцена во Петровец: 24-годишник приведен по инцидент со мајка му

26/07/2026
Гази Баба ќе субвенционира поправка и реконструкција на лифтови во згради постари од 20 години
Вести

Брза интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот во Парк-шумата Гази Баба

26/07/2026
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година
Вести

Македониумот конечно добива заштита по години оштетувања од влага

26/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

26/07/2026
Следна вест
СДСМ бара оставка од министерот Клековски поради случајот со водата во Гостивар

СДСМ бара оставка од министерот Клековски поради случајот со водата во Гостивар

Најнови вести

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција

Приведени лица во Скопје и Камењане, МВР со детали за акцијата

26/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко

Зеленски: Русија лансираше 95 ракети и речиси 1.700 дронови за една недела

26/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Хорор сцена во Петровец: 24-годишник приведен по инцидент со мајка му

26/07/2026
Гази Баба ќе субвенционира поправка и реконструкција на лифтови во згради постари од 20 години

Брза интервенција на пожарникарите спречи ширење на огнот во Парк-шумата Гази Баба

26/07/2026
Крушево е „Град на културата“ за 2023 година

Македониумот конечно добива заштита по години оштетувања од влага

26/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции активно работат на нормализирање на состојбата

26/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.