• Импресум
Tuesday, July 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Фронтот за одложување на пописот расте, власта го гледа ли тоа?

16/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Фронтот за одложување на пописот расте, власта го гледа ли тоа?

Спроведувањето на пописот на населението секој ден добива се повеќе отпор од редовите на партиите, граѓанските организации, поединци… Нивното главно барање е пописот да се запре, да се одложи како што тоа веќе го направиле повеќе земји во светот кои годинава планирале да го пребројуваат населението. Власта се чини како да не ги слуша овие апели или пак ги игнорира и си ја тера замислената агенда – попис мора да има баш сега.

А граѓаните опоменуваат дека повторното големо ширење на корона вирусот кое во овој период резултира со нов бран на стотици заразени лица и десетици починати е голема причина да се сопре пописот кој треба наскоро да почне на терен. Освен ова, се бараат и поинакви законски решенија бидејќи се смета дека усвоените на гарантираат објективен попис и дека се донесени само со волја на владиното мнозинство и со игнорирање на предлозите на опозицијата.

Политичката партија Левица, која има многу гласачи повика на бојкот.

-Ние бараме, пописот да се одложи на 12 месеци, т.е. да се одложи за во април 2022 година. Понатаму, да се донесе комплетно нов Закон, затоа што овој Закон има премногу недостатоци, а новиот Закон, којшто ќе се донесе да биде со широк консензус од парламентарните партии во Собранието, соопшти неодамна пратеникот на Левица Борислав Крмов.

Денеска и движењето Бојкотирам соопшти дека „нема да го признае спроведување на попис во ситуација на суспендирана правда и закони“.

-Однапред ги отфрламе како нерелевантни резултатите од таквиот инструиран и нелегален попис, без разлика какви се. Ги поддржуваме сите други иницијативи кои имаат за цел делегитимизација на пописот, без разлика дали се работи за негово целосно бојкотирање или игнорирање, е став е на движењето Бојкотирам кое беше активно и против референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор.

Неодамна и дваесетина организации и партии, меѓу кои и партијата Единствена Македонија и кои се обединети во Национален блок „Не отворам врата“ почна со кампања против пописот. Тие до Собранието поднесоа и барање за поништување на Законот за попис на населението со образложение дека не треба да има попис во време на пандемија како и против конкретни законски решенија.

Освен ова, се повеќе граѓани на социјалните мрежи соопштуваат дека нема да се попишуваат, дека нема да им отвораат врата на попишувачите бидејќи стравуваат од ширењето на заразата со корона вирусот.

Очигледно, отпорите се се поголеми и тоа повлекува прашање – дали пописот ако се спроведе во ваква ситуација може да биде објективен и успешен. Владата тоа мора да го анализира и соодветно да реагира оти неуспешен или непризнаен попис е полош од одложен попис.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје
Вести

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната
Вести

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето
Вести

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Следна вест

Николоски: Народот седи дома и чека вакцини, а вториот и третиот човек во Владата одат на одмори во Мексико и Дубаи

Најнови вести

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.